Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026

УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите

ноември 11, 2026

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев-Мицотакис: Поддршка за преговори со ЕУ, доследна и навремена примена на Договорот од Преспа
Политика

Заев-Мицотакис: Поддршка за преговори со ЕУ, доследна и навремена примена на Договорот од Преспа

септември 24, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На средбата на премиерот Зоран Заев со неговиот грчки колега Кирјакос Мицотакис што се одржа денеска во Њујорк, за време на Генералното собрание на ОН, е изразена поддршка од страна на грчкиот премиер за отварање преговори со Европската унија
и потенцирано дека доследната и навремена имплементација на Договорот од Преспа е клучна за унапредување на односите и обезбедување на европската перспектива за Северна Македонија, информира владината прес-служба.

Премиерот Заев истакнал дека Владата на Република Северна Македонија е максимално фокусирана на конструктивен пристап во градењето меѓусебно партнерство засновано врз пријателство и заеднички интерес за просперитетен регион во интерес на граѓаните на двете земји.

Заев нагласил дека Владата на Северна Македонија е подготвена за целосно спроведување на Акцискиот план за интензивирање и збогатување на соработката меѓу двете држави, како што е предвидено со Договорот од Преспа, за кој потенцирал дека е историски чекор и значаен договор за градење добрососедство, поблиска соработка и конструктивни и позитивни односи меѓу двете земји.

Како што рекол премиерот Заев, за почит е фактот што Грција беше првата земја-членка на НАТО што го ратификуваше Протоколот за пристапување на нашата земја во НАТО во постапката за полноправно членство која ќе биде финализирана наскоро.

Го информирал Мицотакис, според соопштението, за напорите за зајакнување на спроведувањето на тековните реформи со цел да се отвори простор за почеток на преговорите за влез во ЕУ за што се очекува позитивна одлука во октомври годинава.

„На средбата е заклучено дека унапредувањето на економската соработка, зголемувањето на трговската размена и директните инвестиции се од взаемна корист за сите граѓани од двете држави“, стои во соопштението.

На почетокот од средбата, како што јави дописничката на МИА од Атина пренесувајќи објави на грчките медиуми, премиерот Заев на неговиот грчки колега му честитал за победата на изборите, а Мицотакис му се заблагодарил и му објаснил дека Грција ќе следи нов тек на раст.

Според грчките медиуми, Мицотакис му рекол на Заев дека тој лично немало да го потпише Договорот од Преспа, но додал дека по ратификацијата е дел од меѓународното право и Грција треба да го почитува.

На средбата присуствува шефовите на двете дипломатии, Никола Димитров и Никос Дендиас, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, министерот под премиерот на Грција и владин портпарол, Стелиос Пецас како и советничката на грчкиот премиер за надворешна политика Александра Пападопулу.

актуелно ЕУ Заев Мицотакис поддршка преговори
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026

УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите

ноември 11, 2026

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.