Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026

УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите

ноември 11, 2026

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Манчевски: Реорганизација и оптимизација на институциите за поефикасна администрација
Економија

Манчевски: Реорганизација и оптимизација на институциите за поефикасна администрација

септември 26, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Зголемување на ефикасноста на работењето на јавниот сектор и на администрацијата, како и решавање на проблемите во однос на неприменливоста на одредени одредби од
постојните закони, е целта на предложените измени на Законот за вработени во јавен сектор и Законот за административни службеници за кои денеска во Скопје се одржа втората јавна расправа.

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, пред дебатата истакна дека со измените на многу места се поедноставуваат постапките, се координираат особено стратешките планирања во однос на вработувањата, буџетот и што е она што е потребно на институциите согласно со нивните функционални анализи.

Сето тоа е во согласност со проектот кој што, како што вели, кон крајот на годината граѓаните ќе може да го видат – голема реорганизација и оптимизација на целиот систем на јавниот сектор.

„Процесите се одвиваат паралелно, исто како и дигитализацијата. На почетоктот на октомври ќе го пуштиме во употреба електронскиот регистер на население со сите овие столбови што се дел од стратегијата за реформа на јавната администрацијата конечно на крајот од оваа година ќе го видат светлото на денот“, истакна Манчевски.

На новинарско прашање, министерот Манчевски посочи дека било потребно доста време за да се расчистат руините од претходниот систем и да се направат неоходните анализи, да се подготват закони и стратегии, а се инсталирале и големи софтверски системи со финансиска поддршка и во координација со ЕУ.

Токму во извештајот на ЕК во делот за реформа на јавната администрација , истакна, после долго време е констатиран добар напредок во реформата на јавната администрација.

Запрашан за тоа како ќе се постигне поголема ефикасност на администрацијата повтори дека тоа ќе го овозможи вториот голем проект кој што го спроведуваат со ЕУ за реорганизација на институциите каде се споредуваат сите закони на институции што се препоклопуват со ингеренции, кои што не е потребно да постојат, кои се мали, ќе треба да се спојуваат и слично.

„Сето тоа треба да се преточи во законски измени, а се работи за стотици закони. И јас сакам преку ноќ, но се работи за стотици закони за да на крајот конечно на почетокот на следната година ги видиме долгоочекуваните резултати“, рече министерот за информатичко општество.

Во делот на намалување на бројот на вработени, покрај укинување на вишокот работни места, предвидени се три генерални пакет-мерки подготвени со стопанските комори, синдикатите, граѓанскиот сектор.

Со првиот се нуди поголема плата во приватен сектор со субвенции на државата во делот на придонесите, вториот е државата да ја плати преквалификацијата за оние кои ќе преминат во приватниот сектор, а ќе има и други пакет-мерки.

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујоски укажа на повеќе нивни забелешки во однос на предложените законски измени во делот на унапредувањето на административните службеници, на оценувањето, на дисциплинските постапки, а во делот на барањата за пресметката на платите кои ќе овозможат поголеми покачувања, рече, добиле поддршка од премиерот, но немаат одговор од МИОА и од Министерството за финансии.

Во делот на додатоците и надоместоците на плата предлагаат тие да се воведат за работен учинок и зголемен обем на работа, потоа регрес за годишен одмор, јубилејни награди, отпремнина за заминување во пензија да бидат регулирани со колективни договори и тоа право да биде вградено во законот.

Бараат и додаток на плата за овластувања, за што сега не се добива соодветен надоместок.

„Има разбирање меѓутоа тоа треба да се преточи во предлог законот. Никако не треба да дозволиме како синдикати измените да влезат во собраниска процедура, оти потоа решение се амандмани, а тоа е веќе завршена работа“, рече Грујовски.

https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/477362276180067/

администрација актуелно манчевски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026

УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите

ноември 11, 2026

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.