Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ѓорѓиевски: СДСМ ја уништи идејата за реформи во безбедносниот сектор
Политика

Ѓорѓиевски: СДСМ ја уништи идејата за реформи во безбедносниот сектор

септември 29, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Скопје, 29 септември 2019

СДСМ ја уништи идејата за реформи во безбедносниот сектор.

Повеќе од јасно е дека на Зоран Заев не му треба професионална и ефикасна безбедносна служба, туку му треба политичка алатка која што ќе ја злоупотребува во пресметка со своите неистомисленици.

Тоа што Заев го направи со СЈО, сега гледаме дека го прави и со Агенцијата за национална безбедност.

Наместо професионализација, стандарди и систем на кариера, критериумите што ги воспоставуваат за влез и распоредување во новоформираната Агенција се партиска книшка, роднинска поврзаност и по можност инволвираност во криминал за да може да бидат уценувани за извршување на партиски задачи.

Затоа прашуваме, дали има меѓу селектираните лица со криминални досиеја и лица кои биле предмет на опсервација на поранешната УБК?

Дали има лица за кои биле поведувани дисциплински постапки поради тоа што несовесно ја вршеле работата на претходните позиции?

Како овие лица ги минале проверките, а професионалци кои со години работеле во
безбедносниот сектор се елиминирани?

Дали ваквата кадровска политика се должи на тоа што Јовче Ременски беше меѓу првите преземени кадри во Агенцијата, а целиот процес го водат негови блиски соработници.

Само да потсетиме, Јовче Ременски е сопруг на поранешната потпретседателка и пратеничка на СДСМ, Фросина Ременски, која беше почесен претседател и на криминалниот невладин сојуз на Боки 13, а Јовче Ременски присуствуваше на оснивачкото собрание.

Патем, Јовче Ременски е партиски послушник на Заев кој јавно се закануваше со апсења, злоупотребувајќи ја службената позиција во УБК.

Постојат сериозни сомневања дека комисиите кои го вршеле оценувањето правеле злоупотреби и прифаќале службени белешки со невистинита содржина, а не се земени во предвид последните полугодишни оценувања од 2019 година.

При преземањето исто така не е спроведен тест на интегритет, ниту е извршено психолошко тестирање или писмено тестирање на кандидатите.

Сите информации укажуваат дека е постапено е само за да се протнат партиски кандидати на СДСМ.

Затоа, почитувани, стартот на работењето на новата Агенција за национална безбедност е целосно фијаско.

Промашување до промашување.

Затоа Агенцијата и после еден месец од помпезната прес конференција на директорот Виктор Димовски се уште не е во функција.

Затоа собраниската Комисија за надзор на службите излегува со сериозен сомнеж за кршење на законите уште од самиот старт на оваа Агенција.

Почитувани,

Зоран Заев со својот однос кон институциите, го загрозува демократскиот капацитет на Македонија и напредокот во евроинтеграциите.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ бара да се ревидира процесот на селекција на кандидатите за влез во Агенцијата за национална безбедност.

Бараме да се формира нова комисија бидејќи постојната веќе го загуби кредибилитетот.

Бараме да се ревидира начинот на вршење на безбедносни проверки и да се утврди како е спроведено сегашното оценување на кандидатите.

Без соодветен одговор и без доверба во новоформираната институција, нема да добиеме Агенција која ќе служи за да се грижи за нашите граѓани и ќе биде почитуван партнер на безбедносните служби од нашите пријателски земји, туку ќе добиеме уште еден партиски апарат кој ќе произведува нови афери со огромен ризик по нашата држава.

Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Ѓорѓиевски идеја реформи сдсм
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот

ноември 5, 2026

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

ноември 5, 2026

Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок

ноември 4, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.