Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Стратешко партнерство и поддршка за НАТО, но чувајте се од Русија и Кина, пораки од Помпео
Македонија

Стратешко партнерство и поддршка за НАТО, но чувајте се од Русија и Кина, пораки од Помпео

октомври 5, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Продолжување на стратешкото партнерство на САД со Северна Македонија, поддршка за интеграција во НАТО и ЕУ, за зацврстување на правната држава, владеењето на правото, борбата со корупцијата, но и предупредување за обидите за руско и кинеско влијание во регионот.

Ова се пораките што ги упати американскиот државен секретар Мајк Помпео по вечрашните разговори во Охрид со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев.

– Убеден сум дека Северна Севрна Македонија ќе биде силна земја сојузник во НАТО и сигурен сум дека Сенатот на САД оваа есен ќе го одобри Протоколот за членство, со што и формално ќе ви посакаме добредојде во Алијансата, истакна американскиот државен секретар.

Помпео ги нотираше и придобивките од Договорот од Преспа и Спогодбата за пријателство со Бугарија.

– Преспанскиот договор е основа за поблиски економски врски меѓу вашите два народа, особено во енергетиката, како и за поголема стабилноста на Балканот и на цела Европа. Го поздравуваме и Договорорт за пријатество и соработка со Бугарија што придонесува за подобри односи меѓу двете земји, рече Помпео.

Се заблагодари и за учеството на нашата армија во мисиите заедно со војската на  САД, во Ирак, во Авганистан и борбата против ИСИС.

– Како водечка демократија во светот САД ги поддржуваат државите кои се борат за владеење на правото и борбата против корупцијата. Ги поздравуваме чекорите што ги презема вашата Влада во борбата со корупцијата и сите оние кои ги прекршиле законите и ја злопупотребиле јавната доверба. Борбата со корупцијата е од клучна важност за вашата НАТО и ЕУ интеграција, но уште повеќе за вашата демократија и за граѓаните, изјави Помпео.

Предупреди дека земјата треба да се чува од обидите на Русија и на Кина за неметнување на нивното влијание во регионот. Треба да се водите, наведе Помпео, од желба за напредок, а не од руски ботови, тролови и социјални медиуми.

– Претседателот Трамп во ОН рече дека иднината им припаѓа на суверени и независни држави, кои ги штитат своите граѓани и ги почитуваат соседите. Северна Македонија го одразува овој дух. Ние би сакале Северна Македонија да биде слободна и без долгови. САД ќе продолжат да бидат ваш партнер за доброто на вашите граѓани, на регионот и на светот, порача американскиот државен секретар Мајк Помпео на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев во Охрид.

За шефот на државата Пендаровски и за премиерот Заев, посетата на државниот секретар Мајк Помпео во исклучително важен период за нашата земја, е силен сигнал за поддршката на нашите евроатлантски интеграциии потврда за пријателството меѓу САД и Северна Македонија.

– САД се докажан пријател и поддржувач на Северна Македонија, а ние сме посветен нивни стратешки партнер. Американскиот народ е пријател на македонскиот народ, и на сите народи кои живеат во нашата земја.Имамаме политички и историски причини да го одржување и зајакнуваме нашето пријателство. Дел од нив се нашите заеднички заложби и вредности за безбедност, слобода и демократски просперитет во регионот и заеднички активности во борбата против тероризмот и другите закани за мирот ширум светот. Подготвени сме со уште поисилно темпо да учествуваме во сите глобалните иницијативи кои се
конфронтираат на дезинформациите и заканите по демократијата, рече Заев.

Нагласи дека со очекуваното полноправно членство во НАТО, нашиот придонес во таа насока ќе добие силен поттик и нова димензија.

– Членството во НАТО е наша суверена одлука за која има силна надпартиска одлука и меѓуетнички консензус. Тоа е за нас постигнување на една историска цел. Голема придобивка не само за нашата земја туку и за зајакнување на слободата и демократскиот просперитет на целиот регион, кажа Заев.

Истакна дека Северна Македонија е уникатна земја во регионот затоа што нема отворени билатерални прашања со ниту еден свој сосед.

-Договорите со Бугарија и Грција беа историски одлуки и пресудни чекори за остварување на нашите стратешки цели – членството во НАТО и во ЕУ.

За десетина дена ја очекуваме долго очекуваната вест од Брисел – отворање на преговорите за членство во ЕУ. Верувам дека добрата вест од Брисел ќе влијае позитивно на целиот регион, ќе биде испратена пораката дека Западниот Балкан е интрегрален дел од Европа. Ќе биде награден напредокот на реформите и решавање на тешките проблеми. Тоа ќе ги охрабри другите земји да покажат политичка храброст за надминување на останатите проблеми, Стабилен балкански регион е од интерес на ЕУ, геополитички, безбедносно и економски. И во овој контекст оваа посета и охрабрување САД е од огромно значење за наспорача Заев.

Северна Македонија беше четвртата етапа од мини-европската турнеја на американскиот државен секретар. Тој во земјава допатува од Црна Гора, а претходно беше во посета на Италија и на Ватикан. Од Охрид вчера попладне Помпео отпатува во официјална посета на Грција.

актуелно НАТО поддршка помпео русија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.