Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » На централниот одбор на ЛДП изгласани нови потпрестседатели и промовиран слоганот „Размислуваме различно“
Политика

На централниот одбор на ЛДП изгласани нови потпрестседатели и промовиран слоганот „Размислуваме различно“

октомври 6, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Моника Зајкова, Зоран Шапуриќ, Игор Вељаноски и Јулиана Николова се новите потпретседатели изгласани на четвртата седница на централниот одбор на Либерално демократската партија, која се одржа денеска во Скопје.

Партијата ја утврди агендата за дејствување во наредниот период и го промовираше слоганот под кој ќе настапува, „Размислуваме различно, либерално кон Европа“.

„Слобода, еднавкост, правда. Ова се принципите на кои е изградена Европа, ова се принципите за кои се залага Либерално демократската партија. Само преку почитување на основните европски вредности може да чекориме и кон Европа. Во нашата држава речиси три децении се размислува само лево или десно, кон едната или кон другата опција. Време е за различно размислување, либерално кон Европа. ЛДП не разочарува, ЛДП испорачува“, изјави Горан Милевски, претседател на партијата.

Потпретседателите, кои беа едногласно избрани, пред членовите ги презентираа нивните планови и целокупни залагања за партијата и државата.

„Со размислуваме различно, сакаме со граѓаните да сме искрени, да ги потенцираме либералните вредности и исто така активно да ги чуеме нивните мислења преку директните средби и трибините кои ќе ги организираме во 30 градови низ републиката со цел заеднички да го трасираме патот на државата кон Европа“, истакна новата потпреседателка на ЛДП, Моника Зајкова.

„Секое семејство треба да размислува поинаку, да создава и негува европски вредности. Институциите и компаниите да ја продлабочат соработката од која корист ќе имаат сите граѓани“, додаде Зоран Шапуриќ, старо-нов потпретседател на партијата.

„На земјата и се потребни млади кои ќе бидат активни и бизнис ориентирани, млади кои ќе размислуваат поинаку, своето знаење и претприемачки дух ќе го претопат во бизнис. Со такви млади ќе се отворат европските пазари и ќе покажеме дека ние сме подготвени да бидеме дел од Европа. За сето ова потребна и поддршка од државата“, вели Игор Вељаноски, потпреседател на ЛДП.

„Нам ни е потребна сигурна, правична и европска држава во која граѓаните ќе веруваат дека сите заедно функционираме и креаираме транспарентни политики , во духот на либералната демократија“, се изјасни потпреседателката Јулиана Николова.

На седницата беа присутни петстотини делегати во партијата кои гласаа и дискутираа за понатамошните активности на ЛДП.

ЛДП потпрестседатели
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?

ноември 9, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка

ноември 9, 2026

Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот

ноември 5, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.