Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пендаровски: Очекуваме јасна покана за почеток на пристапните преговори
Политика

Пендаровски: Очекуваме јасна покана за почеток на пристапните преговори

октомври 9, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Очекуваме јасна покана за почеток на пристапните преговори со Европската Унија. Свесни сме за предизвиците со кои се соочува ЕУ, како и за дебатите за проширување, но секое одолговлекување на европските перспективи на регионот значи потенцијално отворање простор за други актери, вклучително и безбедносни, кои не нудат одржливи алтернативи на ЕУ и НАТО“.

Ова денеска го изјави претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на научно-стручната расправа „Стратешки приоритети во безбедноста и одбраната на РСМ по членството во НАТО“, што се одржа на Факултетот за безбедност во Скопје по повод разгледување на предлог Стратегијата за одбрана на земјава, што е предмет на расправа пред нејзиното усвојување.

Пендаровски, посочи дека сепак, тоа најмногу зависи од нас и од реформските резултати во земјата пред се во однос на владеење на правото и борбата против високата корупција.

Претседателот потсети дека сега земјата се наоѓа во една нова реалност, а тоа е скорешното пристапување во НАТО.

„Клучниот стратешки пробив што Северна Македонија го направи во однос на сопствената безбедност е поканата за членство во НАТО во јули 2018 година. Тоа беше историски исчекор и пресврт, кој нас како држава конечно ќе не позиционира на светската безбедносна мапа еднаш засекогаш“, истакна Пендаровски.

Шефот на државата истакна дека во таа насока од големо значење се реформите во безбедносниот сектор кои со години беа запрени и дури во последнава една и пол година се динамизирани.

„По поканата за членство во Алијансата ние сме во помирни води но безбедносните предизвици во регионот се уште се присутни. Тероризмот, верскиот екстремизам, сајбер нападите, дезинформационите кампањи, хибридните војни се присутни и нема наскоро да изчезнат. Најдобриот начин за справување со овие закани кои се наоѓаат високо и на агендата на НАТО е да ги следиме информациите и трендовите и заедно со другите членки на Алијансата да се соочиме со нив“, рече тој.

Пендаровски посочи дека во блиско минато имавме примери кога бевме цел на софистицирани хибридни кампањи, кои сакаа да го загрозат демократскиот процес и да ја попречат волјата на граѓаните, додавајќи дека современите хибридни закани ќе продолжат да дејствуваат преку државните граници и затоа е значајно здружено да им се спротивставиме.

Деканот на Факултетот за безбедност Никола Дујовски рече дека одбраната и безбедноста се актуелни прашања кога целиот регион на Југоисточна Европа се соочува со значајни предизвици, како што е тероризмот, заканите за илегална имиграција…

Тој му врачи плакета на претседателот Пендаровски за досегашната успешна соработка и поддршка, подвлекувајќи дека тој е прв претседател по 42 години кој за првпат доаѓа во таа институција.

Професорот Марјан Ѓуровски, осврнувајќи се на предлогот Стратегијата за одбрана истакна дека таа претставува проценка на сегашните и идни закани и можности и оти преку неа се претставува политичката иднина на земјата и нејзиниот интегративен процес.

„Реформата на безбедносно-разузнавачкиот систем треба да придонесе да се зголеми професионализмот во службите преку деполитизација и транспарентност применети во сите фази од работењето на службите, од селекцијата на кадарот до системот за кариера и креирањето и развојот на сите процеси“, рече Ѓуровски.

Според него, кога се говори за безбедносните ризици, би требало да се нагласи дека внатрешниот македонски судир има влијание врз нивото на демократијата во земјата, бидејќи, како што рече, демократијата е жртва на тој судир на концепти што е многу пожесток во однос на другите транзициони држави и се одразува на политичката безбедност во земјата.

Тековната стратегија за одбрана е донесена во 2010 година, а како резултат на безбедносната динамика, современите безбедносни закани и предизвици, но и променетиот статус на земјава во меѓународни рамки, е изработена нацрт Стратегија за одбрана на Северна Македонија.

актуелно пендаровски преговори
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.