Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Тимоние: Европската перспектива постои, реформата на методологијата е на маса
Македонија

Тимоние: Европската перспектива постои, реформата на методологијата е на маса

октомври 24, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

–Ние треба да дадеме патокази за новата методологија, а вие треба да продолжите со спроведување на реформите, ви претстои уште многу работа. Европската перспектива постои и таа ќе биде прецизирана во наредните месеци, вели францускиот амбасадор Кристијан Тимоние на денешната прес-конференцијата со новинарите по француското „не“ за одлука за почеток на преговори со Северна
Македонија и Албанија.

Во однос на методологијата кажа дека работите се во тек и не може ништо повеќе да каже, но нагласи дека за потребата од нејзина реформа постои согласност меѓу сите земји-членки, а кај повеќето и во однос на реверзибилноста на процесот. Запрашан што значи навраќањето на прашањето на Северна Македонија и Албанија пред самитот во Загреб и дали Париз ќе даде гаранција дека овој пат ќе биде задоволна од тоа што ќе се спроведе во земјава, Тимоние рече дека не може да предвиди, но оти патоказот за новата методологија е на маса.

-Не можам да ви дадам одредени гаранции, дали и што ќе биде направено пред самитот во Загреб, но ние во моментот размислуваме за тоа и тоа во позитивна визија за нештата. Идејата ни е за тој чекор кој што не беше направен овој пат, треба да ни помогне и ние да се запрашаме за нашите ограничувања и капацитети. Затоа што и ние посакуваме и другите држави членки да учествуваат заедно со нас во креирањето појасна визија каква Европа посакуваме утре, како и истовремено да се спроведат неопходните реформи, рече Тимоние.

За реформите, рече, ќе биде тешко во изборен период, кој според него, бескорисно ќе трае долго, но оти се надева дека ќе продолжат, особено судските и во безбедносните сфера, со цел да се завршат побрзо и пред изборите.

Потсети дека и покрај постигнатиот напредок, нерашавањето на статусот на СЈО предизвикало и се уште предизвикува отворени прашања, иако вели беше најдено техничко решение, но отсуството на генерален договор за една правна рамка за борба против корупцијата остава простор за отворени прашања, според него, за капацитетот на големите партии и нивната реална волја да спроведат ефикасна борба во оваа област.

Порача дека без консензус на власта и опозицијата за Зконот за ЈО, не може да се направи дополнителен исчекор.

-Генерално претстои уште голема работа, големи напредоци кои се очекуваат. Европската перспектива постои и таа ќе биде прецизирана во наредните месеци. Еден ден на Черчил му рекоа дека прави историска грешка, а тој одговори дека ние сме тие кои ја пишуваме историјата. Така што ние ја пишуваме таа историја, таа е во тек, не е затворена историја.

Минатиот петок не се случи европска Хирошима. Станува збор за пропратен инцидент кој предизвика сериозни последици овде кои ги разбираме, но тоа не значи крај на вашиот европски пат. И македонското срце чука како и европското, тоа е реалност. Ни преостанува сега да го најдеме правниот и политички неопходен пат за да може сето тоа да се трансформира во вистинска политичка градба за влез. Франција има јасна визија, во која Македонија го има целото свое место, посочи амбасадорот Тимоние.

На новинарско прашање Тимоние кажа и дека прашање е дали сме ние држава за пример во регионот, со забелешки на оценката во извештаите на ЕК за земјава, посочувајќи дека и за време на претходната власт рапортите за Скопје беа позитивни. Според него, напредокот во реформите на хартија не соодветствува со состојбата на теренот, за што потврда структурни проблеми како и заминувањето на младите.

 

 

ИЗВОР: МИА

актуелно методологии реформи тимоние
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.