„Се губи шансата за попис напролет поради предвремените парламентарни избори, но најдоцна во 2020 или 2021 година тој ќе биде спроведен, рече денеска премиерот Зоран Заев.
Заев најави состанок со директорот на Државниот завод за статистика за понеделник или вторник, на кој, како што истакна, ќе бидат утврдени павилата и ќе биде донесена одлуката за попишувањето.
„Пописот треба да се спроведе и јас верувам дека тој може да се спроведе во 2020-та, или најдоцна во 2021 година. Пред изборите е кампањата, тогаш не може, за време на изборите не може, а по изборите треба да се составува влада па да се конституира парламент и тука, исто така, се губи можноста“, напомена премиерот.
Во врска со ставот дека пописот може да биде во исто време со предвремените избори, тој рече дека тоа го кажал зашто идејата била да има избори кон крајот на октомври, па оттука, попис да има напролет.







