Соединетите Американски Држави спроведоа операција чија цел била водачот на Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади, изјави за Ројтерс неименуван извор од американските безбедносни служби.
Белата куќа во меѓувреме информираше дека претседателот Доналд Трамп ќе даде „многу важна изјава“, а самиот Трамп пред тоа „твитна“ дека „нешто големо се случи“.
Магазинот „Њузвик“, повикувајќи се на американско воено лице кое ги добило информациите за резултатите на операцијата, пишува дека во нападот бил убиен Багдади.
Операцијата била спроведена во сириската северозападна провинција Идлиб, а ја извршиле посебни сили откако добиле разузнавачки податоци.
Во ноќната операција во селото Бриша, недалеку од турската граница, учествувале хелихоптери, борбени авиони и копнени сили.
Два ирачки безбедносни извори и две ирански официјални лица навеле дека добиле потврда од Сирија дека Багдади бил убиен.
Од Белата куќа не наведуваат кога претседателот Трамп ќе ја даде „важната изјава“ освен дека тоа ќе биде во недела наутро по локално време. Освен дека тоа ќе го стори не наведуваат други детали. Повикот за медиумите од канцеларијата на Трамп следеше многу бргу откако тој напиша на Твитер дека „нешто големо се случи“.







