Велчанецот Герет Бејл ќе добие нова шанса кај Зинедин Зидан откако се опорави од повредата. Претходните денови шпанските медиуми пишуваа дека францускиот експерт дефинитивно го прецрта брзоногиот крилен напаѓач и дека веќе во јануари ќе оди во Кина, но судејќи според се повторно дојде до пресврт.
„Бејл е со нас, вредно работи и максимално се труди да влезе во форма. Не е уште во состојба да заигра од првата минута, но секако е се поблиску до првата екипа. Што се однесува до фактот дека си замина порано од стадионот кога игравме против Легањес, нема ништо спорно. Се направи со моја дозвола“, вели Зидан.
Кралскиот клуб вечерва го дочекува Бетис во шпанското првенство, а во среда ќе го дочека Галатасарај во четвртото коло од Лигата на шампиони.







