Рафаел Надал во Лондон допатува како моментно најдобар тенисер на светот според „мерењето“ на АТП поените, но се лизна веќе на првиот чекор.
Александар Зверев ги искористи сите слабости на противникот и го доби мечот со 2:0 (6:2, 6:4), после што јавноста, неподготвена за убедлив пораз на големиот Шпанец, се сврте кон барање на причини, меѓу кои се споменува некаква повреда на абдоменален мускул, заради што неодамна го предаде полуфиналето на мастерсот во Париз.
„Не чувствувам болка, воопшто. Можам да барам причини за оправдување, но на крајот е важно само тоа дека во среда против Медведев морам да одиграм многу подобро. Точно е дека не можев многу да тренирам поради проблеми со телото од минатата сабота. Позитивно е тоа што одиграв меч со Зверев, но физички нема оправдувања. Единствената причина зошто загубиве бев доволно добар“, изјави Надал, покажувајќи одредена нервоза.
Зошто и како, засега не е познато. Меѓутоа, италијанскиот новинар Убалдо Скакагате на конференцијата за јавност изнесе мислење дека за лошата игра на Надал влијаелка неговата неодамнешна венчавка.
„Навистина тоа ме прашувате? Дали е ова некоја шега?“, луто возврати Надал, за потоа, после потврдниот одговор на новинарот, да продолжи…
„Навистина сум изненаден за ова што ме прашувате. Со иста девојка сум 15 години. Имам многу стабилен, нормален живот. Не е воопшто важно тоа дека сега имам прстен на раката. Ајде да продолжиме понатаму со прашања, затоа што ова беше сра*е.“
Потоа Шпанецот објаснуваше каде се погреши на теренот, обидувајќи да се сврти кон утрешниот меч. Меѓутоа, италијанскиот новинар остана доследен.
„Разочаран сум поради се што се случи“, рече Сканагате, додавајќи дека има многу добар однос со Надал, за кого смета дека е добар човек, како и тоа дека прашањето не било злонамерно.
„Верувам дека за сите венчавката е многу важен чин во животот, без оглед на тоа дали сте со девојка, две, четири или 14 години. Тоа е емотивна случка. Затоа не е грозно да се праша дали венчавката била дистракција. Можеби беше нервозен затоа што загуби, но не заслужив таков одговор. Се надевам дека ќе се извини.“
(Фото: АП)







