На фејсбук страницата „Подгорички времеплов“, објавена е снимка од неидентификуван летечки објект на небото над Беране.
„Добра вечер, сакам да се обратам за што повеќе луѓе да го видат ова вечерва. Видов нешто на небото и го снимив. Ниту е авион, ниту нешто слично на него. Дали уште некој го виде ова истово над Беране?“, беше објавено на оваа страница.
Следеа бројни коментари, главно шеговити. Еден од читателите проценил дека тоа е само најлонска ќеса.
„Дува силен јужен ветер. Ова на снимкава е најлонска ќеса, сигурен сум.“
Друг, пак, додава дека истото ова било видено и во Никшиќ.
„И во Никшиќ го видовме истово, околу 6 часот.“
Трет човек е сигурен дека во прашање се вонземјани.
„Вонземјаните почнаа ….“







