Израелската авијација заедно со сојузниците од САД и европските држави одработи задача за борба против рускиот ракетен систем С-400 „триумф“ на воените игри „Сино знаме“ одржани на аеродромот Удва, соопшти портпаролот на „Брејкинг дифенс“.
Покрај Израел, во маневрите учествуваа американски, германски, италијански и грчки пилоти. Во вежбите учествуваа неколку израелски ловци од петтата генерација Ф-35И и Ф-16И, како и повеќе од триесет бомбардери од други земји. Меѓу нив беа Ф-35, Ф-16 и „јурофајтери“.
Ловците вежбаа воздушна битка и авио-напади на систем за противвоздушна одбрана С-400, наведува порталот.
Вежбите се одржаа недалеку од зоната на борбените дејствија во појасот Газа.







