Под силен притисок на јавноста, француската влада денеска вети ќе им го одземе огненотѕо оружје од сопружниците кои ги злоставуваат своите сопруги и дека подобро ќе ја подготви полицијата во рамките на широкиот национален план за намалување на бројот на жени кои ги се убиени од нивните партнери.
Франција има една од највисоките стапки на насилство во семејството во Европа, што претседателот Емануел Макрон во своето денешно обраќање го нарече „француски срам“.
Премиерот Едуар Филип презентираше денеска неколку десетици мерки за решавање на проблемот, вклучувајќи и електронски брезлетни за насилниците и 1.000 нови места во прифатилиштата за претепани жени.
Денешната најава означи крај на двомесечниот владин проект за исправка на она што Филип го нарече „дисфункционално“ во Франција како одговор на насилството во семејството.
„Првиот успех на овој напор е да се прекине овој синџир на молчење“, рече Филип.
Само во оваа година во Франција се убиени 138 жени, ги убиле нивните партнери или поранешни партнери. Франција е на врвот во Европа со најмногу вакви злосторства.
Француската влада за следната година ќе одвои 360 милиони евра за спроведување на нови мерки, за кои Филип рече дека се надева дека ќе послужат како електрошок во француското општество.
Меѓу останатото, владата ќе креира програми за превенција во училиштата, а ќе одреди и психичко насилство како облик на семејно насилство и ќе отвори по два центра во секој регион, со цел пронаоѓање на извршителот за да можат жртвите да останат во своите домови.
Според најавите на премиерот Филип, владата ќе отвори 80 нови работни места во целата земја за полицајци кои ќе се занимаваат само со пријави за насилства во семејствата.







