Американската ФБИ предупредува дека паметните телевизори, кои за разлика од обичните се поврзуваат на интернет, се посебно подложни на напади на хакери кои така можат да влезат во нечиј дом.
Во објавата на блогот на огранокот на ФБИ во државата Орегон се објаснува дека интернет врската, иако овозможува пристап до низа популарни сервиси како што е, на пример, Нетфликс, им овозможува на хакерите упад во нечиј дом преку необезбедениот телевизор, преку кој тогаш може да дојдат и до нечиј интернет рутер.
„Хакерите можат да ја превземат котролата над вашиот неосигуран телевизор. Можат да ви ги менуваат каналите, да си играат со јачината на тонот и да им покажуваат на вашите деца неприкладни видео снимки“, пишува ФБИ во предупредувањето.
Во најлош случај, се наведува понатаму во текстот, хакерите можат да ги вклучат камерата и микрофонот од некој телевизор во спалата соба и тивко да прислушкуваат.
Освен тоа, камерите и микрофоните кои се вградени во новите телевизори, за да овозможат гласовни команди и видеочет, хипотетички им овозможуваат и на производителите на телевизори, односно апликации кои се користат на тој ТВ приемник, некого да прислушкуваат.
Хакерите, како што се потсетува, во јануари оваа година, веќе влегле во илјадници паметни уреди.







