Министерството за информатичко општество и администрација во соработка со Канцеларијата на ОБСЕ во Скопје, денеска организира конференција на тема „Стратегија за реформа на јавната администрација за 2018-2022 – идни предизвици“.
Во рамки на конференцијата, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, и амбасадорот на ОБСЕ, Клеменс Која, ќе потпишат меморандум за соработка.







