Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пендаровски: НАТО е фактор на стабилност и ја засилува внатрешната кохезија
Политика

Пендаровски: НАТО е фактор на стабилност и ја засилува внатрешната кохезија

декември 11, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Во Република Северна Македонија постои фактор плус зошто е добро нашата земја да стане членка на НАТО, а го нема кај сите други нови земји членки. Сите етнички заедници го поддржуваат членството во НАТО, а тоа го покажуваат и најновите анкети кои ја мерат поддршката за наше членство, кое е над 70 проценти. Ако ги
развиете по етнички заедници, анкетите покажуваат дека огромно  мнозинство од сите етнички заедници поддржуваат членство во Алијансата што, преведено, значи дека НАТО е фактор на стабилност и ја засилува внатрешната кохезија“.

Ова денеска го истакна претседателот Стево Пендаровски пред студентите
на ФОН Универзитетот на дебатата на тема „Безбедна младина, посигурна иднина“ во рамките на НАТО-карванот како дел од активностите на проектот Инфоцентар за евроатлантски интеграции.

Претседателот ги потсети студентите на трите мисии на НАТО во нашата земја, односно на собирањето на нелегалното оружје кај нашите граѓани во 2001 година, како и втората и третата кои се надоврзаа на првата за реинтеграцијата на кризните региони.

Со тие три мисии во 2001 и 2002 година, рече Пендаровски, НАТО ни помогна да се вратиме во нормала и сите анализи покажуваат дека кандидатскиот статус на ЕУ се должи на тоа што НАТО ни помогна да се рехабилитираме многу брзо, вклучувајќи ги инашите војници кои учествуваа во одредени мисии.

Преседателот информираше дека Алијансата ни помага во одржување на безбедноста на земјата со споделувањето на одредени информации.

„Од ланската покана да станеме членка, до сега приливот на информации на дневно ниво од сите 29 сојузници се движи од 800 до 1.200 дневно, тоа се безабедносни информации кои ги имаат членките кои ги споделуваат со нас. Алијансата конкретно ни помагаше, не како организација, туку на билатерлана основа, кога бевме подложени на најфрекфентната политичка пропаганда содржана во т.н. лажни вести кои се обидуваа да ги одвратат нашите луѓе да гласаат на референдумот за да се приклучиме кон Алијансата, односно да го прифатиме Преспанскиот договор. Ако ја немавме таа поддршка многу полошо ќе поминевма во справување со тие лажни вести, бидејќи објективно ние немаме ресурси да се спротиставиме поадекватно, како што тоа го направивме со помошта од неколку битни земји членки на НАТО“, рече Пендаровски.

Претседателот посочи и на одредени алтернативи, но нагласи дека тие не се добри за нас.

Тој го спомна примерот со Србија која 11 години има декларирано воена неутралност и не бара членство во никакви воени сојузи.

„За држава со нашиот капацитет за таква декларација би требало, освен внатрешното усогласување, да имаме согласност од сите соседи за нашата неутралност и клучните меѓународни фактори да се согласат со тоа. Таква согласност нема, ниту ни било нудено“, рече Пендаровски.

Амбасадорката на Велика Британија во нашата земја Рејчел Галовеј на студентите, покрај безбедносните придобивки, им ги посочи и можностите за граѓаните на државата, а посебно за студентите.

„Постојат многу стипендии кои што ги нуди Североатлантската организација. Имаме програма на НАТО за наука за мир и безбедност што нуди финансирање за повеќегодишно истражување и развој на проекти поврзани со безбедноста на стратешките цели на НАТО“, истакна Галовеј.

Студентите на ФОН имаа можност со претседателот Пендаровски и амбасадорката Галовеј да дебатираат за придобивките од евроатлантските интеграции и зачленувањето на државата во НАТО, како и да дознаат повеќе за процесот и важноста од евроатлантските интеграции и улогата која Алијансата ја има во одржувањето на мирот и безбедноста на Балканот и пошироко.

актуелно НАТО пендаровски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.