Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Заложбата на ЦЕИ, проширувањето на ЕУ да биде високо на агендата важно за земјата и регионот
Македонија

Заев: Заложбата на ЦЕИ, проширувањето на ЕУ да биде високо на агендата важно за земјата и регионот

декември 19, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во духот на солидарноста и регионалната соработка, членките на Централно европската иницијатива (ЦЕИ), од кои голем дел се и земји членки на ЕУ се двигатели на процесот на целосна интеграција на Западен Балкан во Унијата и видливоста на оваа заложба е високо на агендата на ЕУ по октомврискиот Самит на Европскиот совет е големо охрабрување за нас и се надевам дека овие напори ќе дадат резултати.

Ова го истакна премиерот Зоран Заев во своето обраќање на Самитот на ЦЕИ, што се одржува денеска во Рим.

– Огромно е мнозинството на оние кои се уверени дека нашата земја требаше да ги започне преговорите со ЕУ како признание за вложените напори и постигнатите резултати во реформите и како потврда за правилниот избор направен со договорот од Преспа. Идејата за нова методологија за проширување на ЕУ е оправдана само доколку процесот стане поефективен, поверодостоен и ако произведува повеќе материјални придобивки за земјите кандидатки за членство во Унијата. Затоа ние
апелираме за брз консензус меѓу земјите членки на ЕУ за принципите и елементите на новата методологија, што ќе отвори начин и за усвојување на одлука за почеток на пристапните преговори за Северна Македонија, нагласи премиерот.

Тој додаде дека нашиот приоритет останува да ги започнеме преговорите за пристапување што е можно поскоро. Нагласи дека донесувањето на одлука до март ќе создаде многу поволна динамика во земјата.

Премиерот потенцираше дека на Западен Балкан му е потребна јасна и видлива перспектива за пристапување кон ЕУ за да го консолидира напредокот, да се обезбеди безбедност и да се постигне натамошен развој.

ЦЕИ оваа година ја одбележува 30-годишнината од формирањето и ја потврди потребата за поголема регионална соработка која се збогати со бројни формати и иницијативи како што се Процесот за соработка на земјите од југоисточна Европа, преку Советот за регионална соработка, Берлинскиот процес, Јадранско-јонската иницијатива и многу други.

– Оваа година, кога ЦЕИ слави 30-годишнина, Северна Македонија стана 30-та членка на НАТО, достигнување кое е овозможено заради реалната посветеност за подобрување на добрососедските односи, инвестиции во градење вистински партнерства и доверба. Се надеваме дека во многу блиска иднина ЕУ ќе одлучи да започне преговори за пристапување врз основа на испорачаните резултати што ги направи нашата земја, рече премиерот Заев во своето обраќање на Самитот на ЦЕИ во Рим.

Тој изрази уверување дека во наредниот период ЦЕИ ќе продолжи да се надградува со нови и подлабоки форми на соработка меѓу земјите членки во различни области.

 

 

 

 

 

ИЗВОР: МИА

актуелно ЕУ Заев проширување цеи
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.