Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ивановска: Јавното обвинителство сè уште работи под притисок
Македонија

Ивановска: Јавното обвинителство сè уште работи под притисок

декември 24, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) Билјана Ивановска смета дека Јавното обвинителство (ЈО) сè уште работи под притисок, од, како што посочи денеска, две причини – првата е што за некои предмети сè уште нема одговори, а втората е дека за некои предмети, пак, добиваат многу брзи одговори. Тоа, како што рече, упатува дека има различни нарачки.

„Мислам дека треба уште многу да сè работи, секој на себе прво, па потоа нели институционално да се зајакнуваат механизмите за контролно однесување итн. Ние најавивме од наша страна дека за наредната година прво судниот систем ќе биде ставен во годишниот план за проверка и следење на имотната состојба, ќе си дадеме свој придонес од нашиот аспект, согласно нашиот закон и ќе видиме како ќе оди понатаму, изјави Ивановска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа колку се задоволни од постапката на ЈО кога упатуваат препораки да се поведе
кривична одговорност на некој, пред почетокот на обуката за улогата на укажувачите во борбата против корупцијата.

Прашана за тоа колку е доволно следењето на состојбата на судиите и обвинителите во борбата против корупцијата Ивановска рече дека првиот чекор е дали тие се ажурни, дали доставуваат анкетни листови, како за почеток или за крај на функцијата, но така и за секоја промена што е, како што вели, многу важно и индикативно, потоа дали доставуваат точни податоци и дали има некаков лош размер меѓу нивните примања и нивниот стекнат имот.

„Треба малку поконкретно да се следи целиот проблем, затоа што тука се другите институции, како што е Финансика полиција и Финасиско разузнавање. Доколку ние утврдиме несразмерно зголемување на имотот, тогаш нашите предмети ги доставуваме до овие надлежни институции кои имаат истражни центри и кои подлабоко ги истражуваат случаите, односно како и на кој начин е стекнат имотот и си поднесуваат пријави понатаму. Ние и претходно отворивме предмети за пет судии, кои по нашата обработка ги дадовме понатаму и очекувам дека за некое поскоро време тие ќе бидат завршени, рече Ивановска.

Во однос на ветингот во правосудството таа рече дека може да се зборува за најава и за ветинг, но тоа треба добро да се подготви. Ветингот, смета Ивановска, мора да биде заснован на закон.

 

 

МИА

актуелно Ивановска Јавно обвинителство
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.