Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЗНМ: Закани кон екипата на ИРЛ, серозен обид да се замолчи истражувачкото новинарство
Македонија

ЗНМ: Закани кон екипата на ИРЛ, серозен обид да се замолчи истражувачкото новинарство

декември 30, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Здружението на новинарите на Македонија најостро ги осудува притисоците кои се вршат кон новинарката на Истражувачката репортерска лабораторија, Маја Јовановска. Вербалните притисоци и вознемирување следуваат откако ИРЛ ја објави истражувачка сторија поврзана со градежни активности од последните години, во населбата „Тафталиџе“ во Скопје.

Освен ова, за време на викендот, сопственикот на градежната фирма „Настел“ – Зоран Азманов исто така испратил пишани пораки до Јовановска укажувајќи како таа „требала“ да известува за темите поврзани со градежништво. Овие пораки биле испратени на телефонскиот број на новинарката Јованоска веднаш по објавувањето на сторијата на ИРЛ за уништувањето на населбата Тафталиџе од страна на градежните фирми.

Во обид да се смират тензиите, главниот уредник на ИРЛ, Сашка Цветковска го предупредува Азманов дека овие реакции кон новинарката претставуваат притисок и вознемирување и го упатува да се послужи со легалните инструменти или да се пожали до еснафските здруженија.

Азманов и на овој обид реагира со вознемирувачки, обвинувачки и клеветнички пораки.

Очекуваме во најбрзо време во МВР да биде повикан на разговор бизнисменот Азманов и истиот да образложи зошто има потреба да ја вознемирува новинарката Јовановска и кон истата да користи недоличен говор со елементи на закани и дискриминација.

Освен ова, кон колешката Јовановска во текот на минатата недела била упатена телефонска закана преку пуштање на снимени звуци од експлозија. Телефонскиот број од кој е упатена аудио пораката е познат на МВР, а содржината на истата јасно укажува на обид за заплашување и вознемирување на новинарите од ИРЛ.

ЗНМ ги повикува Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство сериозно да се заангажираат за расчистување на овие закани и наоѓање на идентитетот на лицето кое телефонски и се заканило на колешката Јовановска.

Потсетуваме дека, институциите само преку строга санкција на нападите и заканите може да се спречат идно насилство кон новинарите.

Овие закани, не се единствени кои ИРЛ ги пријавува до ЗНМ во 2019 година. ЗНМ беше информирано и посредуваше при заканите по живот врз новинарот Давид Илиески. Новинарката Сашка Цветковска беше повеќе месеци под физичко обезбедување поради работа на истражувања за организиран криминал. Оттука загриженоста на ЗНМ за безбедноста и сигурноста на новинарите кои следат корупција и криминал е оправдана.

Заканите кон новинарите е брутално кршење на нивните права и претставува обид за цензура во медиумите кои се обидуваат критички да ја опсервираат работата на бизнис заедницата.

Здружение на новинарите на Македонија

актуелно закани ЗНМ новинари
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.