Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » „Шпигел“: Ѓукановиќ е газда на Црна Гора
Балкан

„Шпигел“: Ѓукановиќ е газда на Црна Гора

јануари 2, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Протестите заради Законот за слобода на вероисповед во Црна Гора не запираат. Притоа, не се работи само за црквена работа: претседателот Ѓукановиќ свесно ги поттикнува судирите, оценува германски „Шпигел“ во текстот под наслов „Триковите на Мило“.

„Црна Гора долга низа години важеше за остров на стабилноста на проблематичниот западен Балкан. Црногорскиот претседател и долгогодишен владетел Мило Ѓукановиќ вешто маневрираше со својата држава во текот на војните во поранешна Југославија и, по мирен пат, во 2006 година ја доведе до независност. Поранешниот млад комунист Мило во меѓувреме стана верен сојузник на НАТО и ЕУ, а Западот заради тоа последните години му прогледа низ прсти за многу внатреполитички афери.“

„Но во земјата владее големо незадоволство заради неговата корумпираност и феудалистичко владеење. Веројатно тоа е причина заради која тој овие денови демострира дека без него на Црна Гора и се заканува безредие“, оценува новинарот Кено Ферсек во текстот на интернет изданието на германскиот магазин „Шпигел“.

„Приликата за тоа го нуди новиот Закон за вероисповед којшто е изгласан кон крајот а минатата недела. Контроверзната одредба од законот е дека црквите во Црна Гора мораат да имаат доказ за сопственост на зградите, деловните објекти и земјиштето што сега ги поседуваат, а тоа да е од пред 1918 година. Во спротивно, на тој имот му се заканува експропријација. А 1918 година се споменува затоа што тогаш Црна Гора се интегрираше во Кралството Југославија. Таа одредба директно е насочена против влијанието на Српската православна црква во државата, на која и припаѓа поголемиот број од верниците во државата“, пишува „Шпигел“.

„На Српската православна црква ќе и биде тешко да собере докази за сопственост на многу стари имоти, затоа што модерите катастри во регионот се воведени после 1918-та. Иако меѓуародните тела, како на пример Советот на Европа, упатија строго барање до црногорската влада Законот да се структурира во конструктивен дијалог со сите кои се погодени, контроверзната одредба сепак е задржана во законот.“

„Кога Законот минатата седмица беше усвоен, во подгоричкиотн парламент се случи хаос. После гласните протести на опозицијата, полицијата уапси 18 членови на просрпскиот опозициски сојуз, а против тројца е покрената кривична постапка. Од тогаш, илјадници луѓе секојдневно демонстрираат ширум земјата. Повремено ги блокираат главните сообраќајници, а повеќе пати имаше и насилни судири. Протести против тој закон имаше и во Србија и Република Српска. Националистите во Белград ја нападнаа црногорската амбасада.“

„Претседателот Ѓукановиќ меѓутоа не беше многу импресиониран од настаните – законот го потпиша само еден ден откако беше донесен. Притоа, не се работи толку за црквениот имот – многу работи зборуваат дека шефот на државата бара конфронтација, затоа што со тоа го одвлекува вниманието од стварните проблеми во Црна Гора. Ѓукановиќ, членови на неговото семејство и само мал број негови лиски сораотници веќе три децении владеат со земјата како таа да е нивна сопственост. Замешани се и во бројни корупциски афери, а за нив никогаш не мораа да одговараат.“

„Шпигел“ понатаму пишува: „Изорите во земјата редово се лажираат во корист на партијата на Ѓукановиќ, на владеачката Демократска партија (ДПС). Во Црна Гора сеуште е дојде до промена на власта. Ѓукановиќ ги „купува“ странците нудејќи се како верен партнер во операциите на НАТО или како бедем во бегалската криза.“

„Но, Душко Кнежевиќ – бизнисмен кој игра своја сопствена игра – веќе една година го потресува системот на Мило: Повеќе пати објавуваше видео-снимки на кои се гледа подмитување и илегално финансирање на ДПС. Црногорската јавност на тоа реагираше со огорчување. Пред престојните парламетари избори на есен тоа претставува сериозна закана за Ѓукановиќ и неговата партија.“

„Во така деликатни внатреполитички состојби“, пишува германскиот магазин, „Ѓукановиќ повеќе пати се обидуваше да ја тематизира независноста на Црна Гора од поранешната асоцијација со Србија, како и расправата за идетитетот на независната држава. Тој се претставува како патриот и чувар на итегритетот на земјата.“

„Шефот на државата го поттикнува судирот со Српската православа црква во Црна Гора. Црна Гора со години безуспешно се обидува Црногорската православна црква, која е осована во 1993 година, да ја направи официјално мнозинска црква. Таа не е призната во православието и, според неофицијални проценки, има само неколку илјади следбеници.“

„Моментно не се знае дали тактиката на Ѓукановиќ ќе биде успешна – а нема сомнеж дека таа е опасна: црногорската влада ја предупреди Српската православна црква дека ја поткопува државоста на Црна Гора, а митрополитот Амфилохие дури вели дека може да дојде до граѓанска војна.“

„Судирот се заканува да се прошири и надвор од границите на Црна Гора: претседателот на Срија, Александар Вучиќ рече дека испраќа ‘сигнал за единство на сите Срби, без оглед на границите што ги делат’. Тоа исто така може да се толкува како закана упатена на адреса на Црна Гора. Од друга страна, Министерството за надворешни работи на Русија оценува дека црногорскиот закон е ‘напад на единството на православието’“, се наведува на крајот на текстот објавен во „Шпигел“.

актуелно Мило Ѓукановиќ црна гора Шпигел
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.