Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Мицкоски: Очекувам жилава и напорна работа во стоте дена
Политика

Мицкоски: Очекувам жилава и напорна работа во стоте дена

јануари 4, 2020Updated:јануари 4, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од новите технички министри очекува жилава, тврдокорна и напорна работа исклучиво според законите, да ги заштитуваат законите и уставот, и во рамки на нивните можности и овластувања да направат нешто за граѓаните во следните сто дена.

Тој денеска на прес-конференција во партиското седиште рече дека имаат сериозни индиции за злоупотреба и прекршување на законите и овластувањата во последните денови од мандатот на Зоран Заев и дека сето тоа ќе биде презентирано и изнесено пред јавноста.

„Очекувам работа исклучиво според законите. Да ги заштитуваат законите, да го заштитуваат Уставот на Македонија. Се разбира во рамки на нивните можности и овластувања во овие сто дена да направат нешто за граѓаните. Жилава, тврдокорна и напорна работа во овие сто дена, а потоа по победата на 12 април и новата влада на ВМРО-ДПМНЕ очекуваме силно да нагазиме и Македонија да ја направиме држава со која сите ќе се гордееме, а не да се срамиме“, истакна Мицкоски.

Прашан зошто двајцата министри од ВМРО-ДПМНЕ не присуствувале на
приемот кај претседателот Стево Пендаровски, Мицкоски рече дека нема вообичаена пракса министрите да присуствуваат и дека претпоставува дека тие одлучиле да се посветат на екипирање на нивните кабинети.

„Нема вообичаена пракса министрите после нивниот избор во рамки на Парламентот да одат на гости кај Пендаровски. Претпоставувам водени од таа невообичаена пракса тие одлучиле да се посветат на екипирање на нивните кабинети, правејќи план за нивните работни активности во периодот што следува во следните 100 дена“, рече Мицкоски.

Во однос на обвинувањето од СДСМ за лицемерие и лажен патриотизам дека немаат проблем со новото име Северна Македонија кога се работи за функциите, Мицкоски рече дека не видел никаде на прес-конфернеција тие да ја употребуваат новата придавка.

„Ние би биле лицемерни ако ја игнорираме оваа реалност. Но, ова е првиот чекор кон тоа да ја поразиме оваа реалност и во иднина макотрпно да работиме да ја промениме таа реалност. Ако мислите дека ние ќе ја игнорираме таа реалност, тогаш би биле лицемерни, како што тоа го прават перјаниците на СДСМ во последно време, каде што до вчера устата им беше полна со новата придавка, а денеска на нивните фејсбук профили осамнува само Македонија. Тоа е лицемерие, не тоа што ние го правиме, каде се трудиме од петни жили да го поразиме овој трул систем и за жал оваа реалност што не можеме да ја игнорираме“, рече Мицкоски.

Прашан дали со формирањето на техничката Влада се исполнети сите услови за одржување на избори или остава простор за одложување на изборите, Мицкоски рече дека не остава простор овие избори да може да бидат одложении, но посочи дека фер и демократскиот процес ги  загрозува институционалното насилие изминатите неколку недели во кои се носеле незаконски решенија за прераспределби, именување и систематизации.

„Ние сме се уште партија со блокиран имот. Нелегално и незаконски замрзнат имот, што практично не е на располагање да можеме како политичка партија да функционираме и обезбедиме начин да отидеме на избори. Но, и вака како што сме, многу сме повеќе мотивирани и сакаме да го оставиме срцето на терен, затоа што знаеме дека овојпат главниот влог е Македонија. Ќе ги поразиме, а потоа ќе видите што значи фер и вистинско демократско општество, а не општество со лажливи и корумпирани криминални вредности“, изјави Мицкоски.

Прашан што доколку кривичната пријава против заменик – министерот за земјоделство Цветан Трипуновски помине во обвинение, Мицкоски рече дека не видел на никого да му пречи и да праша што три години сме имале аболиран премиер.

„Да почекаме институциите да си го завршат тоа што треба да го
завршат, потоа да коментираме“, рече Мицкоски.

https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/2423847731200265/

актуелно мицкоски Работа
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.