Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » „Медена земја“: Препознат крикот на планетата, разнишани убедувањата дека радоста се крие во поседувањето
Во Фокусот

„Медена земја“: Препознат крикот на планетата, разнишани убедувањата дека радоста се крие во поседувањето

јануари 14, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Неверојатна наративност и кинематографија со која се прикажува една заедница што живее на маргините на општеството и прераснува во фасцинантен портрет на една извонредна жена… Тоа е само еден од впечатоците во мноштвото светски рецензии што „Медена земја“ ги доби минатата 2019-та. Оваа година влезе во историјата на нашата кинематографија како прв македонски филм со номинации за Оскар во две категории.

Документарецот на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов и на целата екипа креативци е во трка за најдобар документарен и за најдобар интернационален филм на свеченото доделување на најпознатата филмска награда, што ќе се одржи на 9 февруари во Лос Анџелес.

„Среќни сме дека светските критичари и членовите на Академијата го препознаа крикот на планетата, кој ечи меѓу фрејмовите во филмот. Ја открија големината на човекот, преку големината на единката. Се разнишаа убедувањата дека радоста се крие во поседувањето. Уште еднаш, бескрајна благодарност до членовите на Академијата што филмот го нарекоа – материјал  заслужен за Оскар. Ова не е само успех со историски размери, туку потврдува дека документарниот јазик влегува во ерата на негово вистинско вреднување и стои рамо до рамо со фикционалната нарација. Филмот повикува на скромност, а кога ја гледаме љубовта во очите на гледачите, силно веруваме дека пораката е препозната, објави вчера тимот на „Медена земја“ откако Американската филмска академија ги соопшти номинациите од гласањето на нејзините членови.

Во својата порака по радосната вест, тимот на официјалниот Фејсбук напиша и дека приказната-алегорија на една глобална слика, каде хуманото и натуралното се борат да преживеат, се отворила пред светот преку жената која случајно ја сретнале: „Атиџе и пчелите се прототип за новиот генетски материјал, кој треба да победи во битката на титаните, каде природата се бори со деструктивното“.

Атиџе Муратова е последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа – која живее со својата мајка во едно напуштено село во централна Македонија. Таа се обидува да ги спаси пчелите и природниот баланс во природата и медот го дели со тие што ѝ се ресурс – пчелите. Половина зема за себе, а половина им остава ним. Тоа, според режисерите, е и главната порака спротивна на општиот консумеризам.

Оваа приказна во филмот екипата првпат ја соопшти пред една година (16 јануари 2019) на прес-конференција на која објави дека светската премиера на нивниот документарец ќе биде на 28 јануари 2019 на фестивалот „Санденс“ во Сити Парк, Јута, САД.

Среќни што по три години снимање во селото Бекирлија филмот ќе има светска премиера на најголемиот американски фестивал на независен филм, режисерите, снимателите и продуцентот тогаш нагласија дека со поентата што ја носи филмот и самите созреале и го  промениле односот кон себеси, другите луѓе и кон природата.

„Имаме ремек-дело и огромна работа завршена од екипа со шест луѓе. Овој филм ќе има одличен фестивалски живот, зашто има  огромен број покани, истакна лани продуцентот Атанас Георгиев, кој ја направи и монтажата на  85-минутниот филм.

Од „Санденс“ и тргна успешниот фестивалски живот на „Медена земја“ – кој оттогаш на светот му стана познат со англискиот наслов: „Honeyland“. Филмот триумфираше во конкуренцијата за документарци во која беа уште 11 остварувања од целиот свет. Првпат во 35-годишната историја на „Санденс“ еден проект беше награден со три признанија – ја доби големата награда на жирито за најдобар документарен филм, на снимателите Фејми Даут и Самир Љума им беше врачена наградата за најдобра кинематографија, како и специјално признание од жирито за влијание за промена.

Следуваше азиска премиера во март на 43. Интернационален филмски фестивал во Хонг Конг и официјална европска премиера во април – на Филмскиот фестивал „Visions Du Reel“ во Нион, Швајцарија.

Од 26 јули почна прикажувањето во САД. Застапуван од американската компанија „Неон“, која ги откупи правата за Северна Америка, кинодистрибуција беше во селектирани киносали, вклучувајќи ги „Ламли Ројал“ во Лос Анџелес и „Куад синема“ во Њујорк. Рецензии објавија „Лос Анџелес тајмс“ („’Медена земја’ е потресен документарец за начин на живот што исчезнува“) и „Њујорк тајмс“ („Документарецот за конфликтот на македонската пчеларка со нејзините соседи станува лирска еколошка приказна“), а „Њујорк тајмс“ го прогласи и за најдобар во 2019 година.

Филмот пропатува на фестивали низ Европа, на неколку во Русија, како и во Австралија, Бразил, Израел, Кина…  Ликот на Атиџе која живее сиромашно, но со грижа за екобалансот, ги одушеви подеднакво и критиката, и публиката, како и познати личности од филмскиот свет. По светската премиера документарецот доби одлични рецензии во „Скрин интернешнал“, „Холивуд репортер“, „Варајети“, „Индивајр“, „Филм комент“, „Слоан сајанс енд филм“…, а потоа позитивни коментари стигнаа и од „Њујоркер“, „Венити фер“, „Ролинг стоун“, „Ротен томејтос“, „Атлантик“, „АВ клуб“, „Ноктурнал“…

Низата со повеќе од 20 фестивалски награди продолжи и во 2020  – овој месец „Медена земја“ ги доби наградата за најдобар документарец од Здружението на филмски критичари во Америка и њујоршката „Cinema Eye Honors“ за снимателите Даут и Љума за исклучително достигнување во кинематографијата.

Одлуката да биде македонски кандидат за Оскар, Друштвото на филмски работници на Македонија ја донесе во август. Тогаш беше и официјална македонска премиера на „Медена земја“ во рамки на фестивалот „МакеДокс“ и почнаа проекциите во нашите кина. За дел од домашната публика филмот првпат беше прикажан во средината на март на две затворени проекции.

На претстојното 92. доделување на Оскарите, конкуренти на „Медена земја“ ќе му бидат по четири филма во двете категории – документарните: „Американска фабрика“, „Пештерата“, „Доба на демократија“ и „За Сама“ и интернационалните (неанглиски филм): „Корпус кристи“ од Полска, „Клетници“ од Франција, „Болка и слава“ од Шпанија и „Паразит“ од Јужна Кореја.

За најдобар документарец во 2019-та беа кандидирани 159, а 91 беа пријавени за  најдобар странски филм.

Младинскиот културен центар вчера на фејсбук-страницата најави дека на 9 февруари во кино „Фросина“ ќе организира следење на преносот од доделувањето на Оскарите, за што дополнително ќе информира.

Од независноста на земјава номинација за Оскар досега имавме еднаш – пред 25 години „Пред дождот“ на Милчо Манчевски беше номиниран во категоријата за неанглиски филм, кога Оскарот му беше доделен на рускиот „Изгорени од сонцето“ на  Никита Михалков. Во поранешна Југославија номиниран за Оскар беше и македонскиот документарец „ДАЕ“ на Столе Попов од 1979 година.

Оние што не го виделе сè уште „Медена земја“, имаат повторна можност – филмот се прикажува во кино „Милениум“, од вчера е во Кинотеката, а од задутре ќе биде и на репертоарот на „Синеплекс“.

медена земја
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Епидемиологот Даниловски објаснува: Привременото одложување на БСЖ вакцината е мерка на претпазливост, а не доказ дека вакцината е небезбедна

октомври 7, 2026

Силен земјотрес ја погоди Грција

септември 30, 2026

Топлотниот бран во Австрија за два месеца усмрти 646 луѓе

септември 1, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.