Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Макрон го менува ставот за Македонија
Европа

Макрон го менува ставот за Македонија

јануари 22, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Доколку се ревидира методологијата на проширување и доколку Унијата напредува во сопствената реорганизација преговорите на Северна Македонија со Унијата можат да се отворат мошне брзо, а и францускиот претседател Емануел Макрон одлучи Самитот во Загреб во мај да го претвори во успех.

Ова го порача Стефан Сежурне, француски европратеник од партијата на францускиот претседател Макрон, во интервјуто за МИА. Тој вели дека е свесен оти Северна Македонија постигнала напредок за да оди понатаму во следната фаза од евроинтеграцијата – отворање на преговорите со Унијата, но исто така е свесен и дека перцепцијата за Франција е дегрдирана кај земјите-кандидати и членки на Унијата, по негативната одлука.

Г-динe Стефан Сежурне, вие сте француски европратеник од Република Напред, шеф на француската делегација во групата на Обновена Европа, поранешен политички советник на Претседателот на Републиката Емануел Макрон. Сметате ли францускиот став за проширувањето е погрешно толкуван од земјите-кандидати и земјите членки на ЕУ?

„До одреден степен, да. Треба да се потсетиме дека Франција и француските пратеници во Европскиот парламент никогаш немаа намера да го променат или нарушат политичкиот проект за проширување на Европската Унија. Свесни сме дека Северна Македонија постигна напредок за да оди нанапред во преговорите за пристапување во Унијата. Особено тука мислам на досегашните реформи во правосудниот систем, за мерките во корист на поголема транспарентност или промената на нејзиното име. Овие напори сведочат и за привлечноста на Европската унија и ние можеме да бидеме горди на тоа. Сепак, ветото на претседателот Емануел Макрон за почетокот на пристапните преговорите не смее да внесе чувство на огорченост меѓу Македонците. Ова во никој случај не е гест против земјата. Франција смета дека проширувањето на Унијата не смее да се направи на сопствена штета, која би довела до институционална блокада. Дополнувањето на Советот на унијата со две места во сегашната состојба само ќе ги искомплицира работите. Повеќе од кога било, потребна ни е одговорна и ефикасна Европа.“

Вие сте свесни дека откако го блокиравте започнувањето на преговорите за пристапување на Северна Македонија и Албанија во Европската унија во октомври 2019 година, сликата и перцепцијата за Франција во овие земји е деградирана?

„Ова е точно и жалам за тоа, но ние не сме сами. Данска и Холандија исто така изразија воздржаност да дадат зелено светло во Европскиот совет во октомври 2019 година. Тоа е заедничка позиција што е во интерес на засегнатите народи. Мора да се реформирате пред да сакате да се отворите кон другите. Ова е во интерес и во насока на одржливост на Унијата. Мора да се разбере дека е доведен во прашање кредибилитетот на европската порака.“

Европската комисија се покажа претпазлива. „Нема потреба да се менуваат правилата за Албанија и Северна Македонија“, рече Урсула фон дер Лејен во Загреб, истовремено потврдувајќи дека Комисијата се подготвува да дава предлози за промена на методологија?

„Сигурно дека начинот на кој европската извршна власт и пристапува на оваа тема отвора прашања. Постапката за преговори која е во сила денес е премногу тешка, премногу нетранспарентна, премногу сложена. Мора да се поедностави, мора да зборува со засегнатите народи. Така би можеле да го избегнеме непотребното разочарување во земјите што сакаат да ни се придружат. Оваа промена на методологијата  може да се дискутира и во рамките на Конференцијата за иднината на Европа, чиј принцип штотуку го одобри мнозинството за време на последната пленарна сесија на ЕП во Стразбур (јануари 2020 година).“

Европскиот совет што ќе се одржи во Брисел во март е многу важен во насока на можноста за официјално отворање на преговорите со Северна Македонија и Албанија. Можеме ли да очекуваме отворање на преговорите пред самитот во Загреб?

„Ако ја ревидираме нашата методологија, ако напредуваме во сопствена реорганизација, сè е можно. Преговорите може да се отворат многу брзо. Претседателот на Републиката одлучи да го претвори (самитот во) Загреб во мај во успех. Ние не го блокираме проширувањето, само сакаме да бидеме сигурни дека Европската унија е подготвена.“

 

 

(Тони Гламчевски / МИА)

актуелно Европа Европска унија Емануел Макрон македонија Франција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.