Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Османи и Димитров очекуваат поддршка од Франција за евроинтеграцијата
Политика

Османи и Димитров очекуваат поддршка од Франција за евроинтеграцијата

февруари 13, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Европските интеграции на земјава во контекст на неодамнешното објавување на документот на Европската комисија за зајакнување на пристапниот процес беа во фокусот на разговорите на средбата што вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров ја имаа со Амели де Моншален, министерка за Европа и претставничка на Република Франција во Европската Унија.

„Навистина претставува охрабрување срдечноста и пријателството со кое сме дочекани во Париз, што недвосмислено говори за пријателските односи кои ги имаме со Француската Република и нејзина искрена поддршка за нашиот напредок во ЕУ. Пораките се јасни: новата методологија претставува добра основа за земјите кои се искрено подготвени за реформски напредок, што е добра вест за граѓаните кои очекуваат резултати, а поголем предизвик за политичарите кои ќе мора повидливо, и транспарентно да ги испорачаат; преземаме дополнителна обврска да продолжиме со испораката на резултати како основа за содржаен и квалитетен извештај на Европска комисија во февруари, потврдувајќи ја нашата определба преку заслуги да го оствариме нашиот напредок во европските интеграции“, истакна Османи по средбата во Париз.

Димитров, како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, ја подвлече потребата да се дозаврши работата дома во смисла на донесување на Законот за ЈО. На ваков начин, според него, ќе се отстрани секаков вид изговор и подготвени ќе ги пречекаме дискусиите во Советот.

„Таму, уверени сме дека може да се најде решение врз основа на новата методологија на ЕК. Таа обезбедува посилно политичко управување и вклученост на земјите членки во процесот. Ќе продолжиме решително по реформскиот пат и блиску сме до целта“, вели шефот на дипломатијата.

Во рамки на посетата Османи и Димитров претходно остварија средба со Клеман Бон, дипломатски советник за Европа на претседателот Емануел Макрон, и со пратеничката Мариел де Сарнез, која воедно е и претседател на Комисијата за надворешна политика во Националното собрание, а планирано е да се сретнат и со генералниот секретар за европски прашања при Владата на Франција, Сандрин Годен.

Денешната посета на Османи и Димитров на Француската Република, како што велат од СЕП, се одвива во период на засилена дипломатска и државна активност, во врска со остварувањето на стратешката цел за добивање на одлука за почеток на пристапните преговори.

актуелно димитров евроинтеграција Османи Франција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.