Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Девет заболени од корона, здравството без одмори, МИА ќе ги емитува официјалните препораки, лажните вести да се гонат
Во Фокусот

Девет заболени од корона, здравството без одмори, МИА ќе ги емитува официјалните препораки, лажните вести да се гонат

март 12, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Девет лица е последната официјална бројка за заразени со коронавирусот во земјава.

Испитувања вчера беа направени на вкупно 12 нови лица, од кои две беа позитивни, а за другите се чекаа резултати.

Мерките што ги донесе Владата се спроведуваат.

Учениците и хронично болните не одат на училиште и на работа.

Здравствените работници не смеат да користат одмори.

За лажните вести следат санкции.

На светско ниво е прогласена пандемија.

Последните позитивни случаи од вчера се од Дебар кои се соседи на претходно хоспитализираните тројца дебарчани заразени со овој вирус.

Седумте пациенти со коронавирус се со лесна клиничка слика, дишат сами без машина за вентилација.

На границите има зајакнати контроли, при излез од државата особено контролата на автобускиот превоз и дестинацијата.

Покрај училиштата препорака е да прекинат со работа и библиотеките, студентските и ученичките домови во наредните 14 дена.

Да не се преполнуваат игротеките, надвор да нема големи групи деца на мало растојание.

„Целта е секој да седи дома, понастрана, мали групи деца е во ред,  добро е да бидат на свеж воздух, сега се и температурите повисоки, но да се избегнуваат големи групи“, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Во овој период, според препораките, сите вработени лица од здравствениот сектор не треба да користат годишни одмори, платени и
неплатени отсуства.

Мерките и препораките не важат за вработените лица во Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за одбрана, Армијата на Република Северна Македонија, противпожарните територијални единици, Царинската управа, како и домовите за нега на стари лица и мали групни домови да се изземат од сите заклучоци, мерки и препораки на Владата.

Според препораките Министерството за внатрешни работи ќе преземе соодветни мерки за сите оние лица кои преку социјалните медиуми објавуваат дезинформации (невистини) на оваа тема, како и за медиумите кои ги пренесуваат овие информации.

„Лажните вести што создаваат неоснована паника имаат долгосежни последици и врз општествената состојба, но и врз колективното здравје на граѓаните. Ваквите злоупотреби ќе бидат законски санкционирани затоа што на овој начин се вознемируваат граѓаните и се создава непотребна паника. Нема да има компромис во санкционирањето на оние кои свесно шират лажни вести“, велат од МВР.

Апелираме, додаваат, до медиумите и корисниците на социјалните мрежи да се повикуваат единствено на официјално објавените податоци од надлежните институции.

Сите проверени и официјални информации, според укажувањата на Владата, ќе ги пренесуваат МИА и ЈП Македонска радио-телевизија.

На дневна основа МИА ќе ги објавува сите заклучоци, мерки и препораки усвоени од Владата за превенција од ширење на болеста како и прес-конференции на оваа тема.

актуелно здравство корона лажни вести официјални препораки
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.