Министерството за здравство соопшти дека од десетмината кои попладнево беа тестирани за коронавирус, петмина се позитивни на Ковид-19.
„Позитивна е сопругата на веќе дијагностицираниот пациент од Скопје и четири здравствени работници – двајца доктори и две медицински сестри од Дебар. Со ова, бројката на заболени со коронавирус во земјата се искачи на 31“, се наведува во соопштението на Министерството







