Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Средба Спасовски-Дуџак: Државата добро се справува со ситуацијата со коронавирусот, ОН се подготвени да дадат поддршка
Политика

Средба Спасовски-Дуџак: Државата добро се справува со ситуацијата со коронавирусот, ОН се подготвени да дадат поддршка

март 26, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Премиерот Оливер Спасовски и постојаната координаторка на Обединетите нации во нашата држава Росана Дуџак на денешната средба разговарале за мерките што ги презема Владата за справување со ситуацијата со коронавирусот и е оценето дека државата го презема потребното за заштита на јавното здравје.

Како што се наведува во соопштението, пренесено е дека ОН се подготвени да дадат поддршка на нашата држава, таму каде ќе се процени дека е важно.

„Во справување со пандемијата од вирусот COVID-19, во забрзување на економското опоравување на земјата, во спроведување на реформите на патот кон членство во Европската унија, семејството на Обединетите нации е подготвено да даде поддршка на Владата и на граѓаните на Северна Македонија“, соопшти Росана Дуџак, постојана координаторка на

Обединетите нации во Република Северна Македонија.

Таа го изнесе ставот на ОН дека „заедно сме во овој процес и заедничка е обврската да работиме во интерес на сите граѓани на земјата, за во духот на Агендата за одржлив развој, никој да не заостане.”

Спасовски се заблагодарил за континуираната добра соработка на нашата држава со ОН и со канцеларијата во Скопје.

„Сите капацитети и ресурси, како држава, ќе ги насочиме, да излеземе победници во оваа битка. Нашиот врвен приоритет е да го заштитиме здравјето на граѓаните и да обезбедиме функционалност на здравствениот систем. За таа цел напорите се фокусирани кон целосна поддршка на медицинскиот персонал, кон добрата организација, за што е формиран и Главен координативен штаб каде се споделуваат потребните информации од надлежните институции и се разгледуваат искуствата од државите во светот, со цел ефикасни владини одлуки и кон добар третман на луѓето носители на вирусот. Важно е и одржувањето на економијата. Затоа, сите мерки што ги носиме се кон реализацијата на овие две цели. Ги покренавме внатрешните капацитети, а секако дека е добредојдена и помошта од нашите пријатели од надвор, за што сме благодарни, на ЕУ, на другите земји со коишто е воспоставена соработката и секако тука изразувам благодарност и на ОН“, рече премиерот Спасовски.

На состанокот беше разговарано за помошта и поддршката што се важни за непречена работа на полицијата и на другите служби, вклучени во справувањето со ситуацијата со коронавирусот.

актуелно Дуџак Спасовски средба
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.