Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Функционерите на минималец, нема да се кратат платите на администрацијата
Македонија

Функционерите на минималец, нема да се кратат платите на администрацијата

март 31, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Минимална нето плата од 14.500 денари во април и мај ќе добијат сите функционери на државно и локално ниво, со исклучок на именуваните лица во здравстемиот сектор, како дел од вториот сет економски мерки што ги објави денеска Владата, но таа мерка нема да се однесува за администрацијата на која платата нема да и биде намалена, а за што имаше предлог од лидерот на владејачката СДСМ Зоран Заев.

Премиерот Спасовски соопшти дека уредбата на Владата за исплата на минимална плата на функцонерите нема да се однесува за именуваните лица, согласно со Законот во јавните здравствени установи.

Со оваа мерка, прецизираше, се опфатени претседателот на државата,
претседателот на Собранието, пратениците, претседателот на Владата,
сите министри, заменици министри државни секретари, директори на државни институции, градоначалници и сите други именувани лица на
национално и на локално ниво.

„Сите избрани и именувани функцонери, од претседателот, па до најниско ниво директори на државно и локално ниво, ќе одат на минимална плата затоа што сметаме и јас и Владата дека ако треба да направиме солидаризирање тогаш ние треба тоа да го направиме први. И јас како претседател на Владата, и министрите и замнеииците министри, и државните секретари, и пратениците и директорите и градоначалниците. Сите до еден треба да ја покажеме солидарноста“, рече премиерот Спасовски, на прес-конференција во Владата.

Одговарајќи на новинарско прашање во однос на различните ставови на СДСМ чиј лидер побара намалување на платата на амдминистрацијата и на ДУИ кои беа против тоа, Спасовски истакна дека при носење на одлуката не биле соочувани аргументи на партиите, туку аргументи на бројките и анализите.

„Затоа сметавме дека првин функционерите мора да ја понесат таа одговорност и солидарност. Апсолутно не станува збор за добивање битка. Ако некој смета дека во услови на криза може да добие битки многу се лаже и многу греши“, нагласи Спасовски.

Министерот за економија Крешник Бектеши, пак потенцираше дека сме во кризна ситуација и оти нема победници во рамки на Владата.

„Имаме одлични односи во Владата, како ДУИ сме го кажале нашиот
став како и сите други партии. Како економски тим на Владата предводена од премиерот Спасовски сме ги зеле предвид сите предлози на политичките партии, стопанските комори, граѓанските организации и граѓаните со цел да креираме што подобри мерки за да влијаеме како држава да не се изгубат работни места“, рече Бектеши.

Со вториот економски сет мерки е предвидено и претседателоте и членови на управни и надзорни одбори, претседатели и советници во советите на општините и на Град Скопје, претседатели и членови на комисии формирани од извршна и локална власт кои истовремено некаде работат да не земаат никаков надомест додека трае кризата.

„Одлуката ќе важи се додека Владата не донесе друга одлука, односно нема да важи за невработените лица“, информира Спасовски.

администрација актуелно минималец плати функционери
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.