Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Филипче: Две нови лаборатории за кратење на времето на добивање резултати од тестовите
Македонија

Филипче: Две нови лаборатории за кратење на времето на добивање резултати од тестовите

април 13, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека во текот на неделата во функција ќе се стават две дополнителни лаборатории – лабораторијата во МАНУ и во Институтот за судска медицина со што ќе се скрати времето на чекање на резултатите од
тестовите за коронавирусот.

„Со ова капацитетот на бројот на тестирања во текот на денот се зголемува за 50 до 100 со што практично ќе се елиминира долгото чекање на резулати, со оглед на големиот број брисеви што стигнуваат во лабораторијата на ИЈЗ“, рече Филипче на денешната прес-конференција во Владата.

Во одговор на новинарско прашање појасни целта е да се скрати времето на чекање и резултатите да се добиваат за еден ден, односно 24 часа.

„Тоа што сега се обидуваме со двете лаборатории особено со таа во МАНУ, е практично во еден ден да се добиваат сите резултати од сите болници надвор од Скопје со систем на транспорт. Во таа смисла ќе се транспортираат материјалите на сите пациенти кои што се собрани во текот на претходниот ден и утрото ќе се испратат во лабораторијата за да може во една или најмногу во две тури да се изработат резултатите. Според информациите што ги собравме утрово, а согласно просечниот број што го имаат болниците каде доаѓаат пациентите за дијагноза во Прилеп, Битола итн. сметаме дека овој капацитет од 50 на 100 на ден е доволен“, рече Филипче.

Во моментов се прави рече и реорганизација на лабораторијата во МАНУ, која не е дизајнирана за ваков вид дијагноза, а очекува до среда најдоцна четврток овој систем да биде подготвен, односно чекањето на резултатите да се сведе на 24 часа.

Филипче најави и спроведување на скрининг во Дебар со оглед дека таму веќе нема новозаболени, а сите пациенти заздравуваат, за што ќе биде искористена донацијата од 20.000 тестови за скрининг за антитетела.

„Ќе направиме еден скрининг во бројка од 20-30 отсто од вкупното насление во регионите во кои досега имаше мерки на рестрикција на движење воведени уште пред вонредната ситуација со што сакаме да направиме скрининг на населението и да се процени имунитетот, што ќе биде одличен пример за тоа што би можеле да очекуваме и на ниво на целата држава во оној момент кога ќе одлучиме дека треба да се прави
таков скрининг со антитела согласно времето на епидемијата, односно времето во кое се наоѓаме на епидемиолошката крива“, посочи Филипче.

Додаде дека веќе е направен и распоредот за делење на еден милион заштитните маски донирани од Чешката Република, кои ќе бидат дистрибуирани до сите установи согласно нивната потреба.

Кон крајот на оваа недела се очекува да стигне и помошта од САД. во заштитна опрема, која, исто така ќе биде соодветно дистрибуирана или ќе бидат надополнети резервите во Министерството за здравство.

Инаку, во изминатите 24 часа на Инфективната клиника во Скопје починале четири лица, има 26 нови случаи, со што вупната бројка на дијагностицирани пациенти е 854, а вкупен број тестирања изнесува 8552.

Имаме и тројца оздравени, кои се лекуваа во Штип под контроал на локалните инфектолози.

Во однос на починатите лица, Филипче појасни дека тоа се пациенти со навистина тешка форма на болеста на возраст од 79, 58, 63 и 67 години.

На Инфективната клиника во Скопје примени се тројца нови пациенти со што нивниот број е вкупно 68, а осум од нив се на механичка вентилација.

Во тек е и дооппремување на Мобилната болница која располага со 100 лега, која, рече, за два дена треба да биде ставена во функција.

Со тоа, според Филипче, ќе се дуплира капацитетот на Инфективната клиника.

Во болница „8 Септемрви“, информира Филипче, хоспитализирани се 31 пациент, од кои на респираторна машина се шест пациенти.

Во Битолската болница хоспитализтрани се пет пациенти кои се во стабило здравствена состојба нема тешка слика болеста, а во Штип се хоспитализирани девет
пациенти.

актуелно резултати филипче
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.