Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Транспортерите на протест – наместо зголемена акциза бараат да се воведе прогресивен данок
Економија

Транспортерите на протест – наместо зголемена акциза бараат да се воведе прогресивен данок

април 28, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Асоцијацијата на здруженија на работодавачи на превозните трговски друштва во државава Макам-транс за денеска напладне најави протест со барање да се укине Уредбата за зголемување на акцизата на горивата за три денари и да се воведе прогресивен данок на доход за сите стопански и нестопански дејности.

Според Макамтранс, протестот ќе биде согласно со сите мерки за безбедност кои се во сила со оглед на состојбата со коронавирусот поради којашто се намали обемот на работа и во патничкиот и во товарниот превоз.

Секој од учесниците во протестот, според најавата, ќе биде изолиран во возилото (влекач, пикап, автобус, патничко возило и сл.). Како што најавија, нема да прават какви било блокади, ниту пак ќе има собирање на маса на луѓе. Колоната од возила ќе се движи по определена маршута. Почетната точка е клучката Хиподром за влез во Скопје, а при движењето низ центарот на Скопје ќе подзастанат пред зградите на Владата и на Собранието каде ќе се движат бавно и ќе ги вклучат сирените за да испратат порака. Ќе се движат по една коловозна лента и со тоа нема да предизвикаат застој на сообраќај на улиците на главниот град.

Макам-транс предлага 0,5 проценти данок на доход за сите правни субјекти кои лани имале добивка од 100.000 до 10.000.000 денари, еден процент данок на доход за тие со добивка од 10.000.001 до 200.000.000 денари и два проценти данок на доход за сите кои оствариле добивка за 2019 година над 200.000.001 денари.

– Со оваа мерка ќе се опфатат подеднакво сите правни субјекти во државата, а особено и големите стопански субјекти, банките, осигурителните компании, телекомуникациите и сите мали, средни и микро фирми како и невладиниот сектор каде се вбројуваат и сите асоцијации, СИЗ, Стопански комори и други здруженија на граѓани, со што навистина ќе имаме солидарност и секој ќе го даде својот придонес според големината и постигнатите финансиски резултати во претходната година. За разлика од оваа мерка, со зголемената акциза товарот во првите 2-3 месеци ќе биде само на превозниците, дистрибутери во внатрешниот превоз, граѓани и мал број други правни субјекти кои работат, а до крајот на годината сите, велат од Макм-транс.

Намалената цена на погонското гориво, дополнуват, е единствената мерка која ја имаат превозниците, а за која не треба дополнително да се задолжуваат (камати) и да ги враќаат земените средства согласно мерките кои ги спроведува Владата.

Останатите мерки кои ги бараат се поврзани со намалување на трошоците, регистрација на возен парк, враќање на ДДВ, компензации со поврат на патна такса и новите обврски за регистрација на возилата, одложување без камата на надоместоци за автоодговорност и зелен картон минимум 6 месеци, враќање на дел од акцизата по принципот на ДДВ, со можност за реципрочно враќање на и од другите држави и воспоставување на реципроцитет за враќање на ДДВ од сите држави. Барат и подобрување на законската материја која го регулира превозот со заштитни елементи на лиценцирани превозници, како и ревидирање на Уредбата за распределба на меѓународни дозволи (распределба на ЕКМТ дозволи), која со измените од 2018 година, тврдат, продуцира нефер и нетранспарентна распределба на сите меѓународни дозволи.

Од СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ, пак, кои обединуваат товарни и патнички превозници соопштија дека  80 проценти од 1.000 транспортни фирми што ги контактирале изминатиот период рекле дека нема да поддржат протест  затоа што сметаат дека тоа нема да помогне за излез од економската криза поради коронавирусот. Сепак, потенцираа отаму, ова повлекува барање за подетално образложение на ефектите од оваа мерка во јавноста, на транспарентен начин, но и гаранции за намената на собраните средства и нивна распределба онаму каде што е потребно, не изоставувајќи го товарниот транспортот, но и патничкиот превоз, кој бележи 100 проценти пад од почетокот на пандемијата.

Во состојба со која се соочуваме првпат, истакнаа од Америт, треба да бидеме општествено одговорни. Да помогнеме каде што можеме и да бараме помош кога ни треба. Со оглед на загубите кои ги трпи и ќе ги трпи секторот, владата би можела да приоднесе со поопширни и поконкретни мерки на дневна основа пратејќи го текот на настаните. Очекуваме Владата да донесе нов сет на мерки, со кои би се ставил мораториум на кредитите на транспортните фирми додека трае вонредната состојба, да се укинат субвенците за авионскиот превоз и железничкиот превоз, и конечно да се реши проблемот со дивите превозници, а со тоа и ќе се зголемат средствата во буџетот, наведоа од АМЕРИТ.

Според министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, зголемувањето на акцизата на горивата е антикризна мерка, а не мерка за да им се направи товар на граѓаните.

Запрашан за став по најавите за протест од страна на транспортерите, Сугарески рече дека горивата се за 20 денари поевтини во споредба со последните месеци од минатата и почетокот на оваа година, додавајќи дека сите чинители во државата мора да покажат солидарност.

-Нема никакво калкулантство, нема политиканство, внесувањето на акцизата е исклучително за помаѓање на граѓаните на нашата држава, рече Сугарески, одговарајќи на новинарско прашање.

актуелно акциза зголемена протест транспортери
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.