Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Националниот ден на Холандија одбележан со подарок за здравствените работници и пациентите
Политика

Националниот ден на Холандија одбележан со подарок за здравствените работници и пациентите

април 28, 2020Updated:април 28, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

По повод Денот на кралот–Националниот ден на Кралството Холандија, холандскиот амбасадор во земјава Дирк Јан Коп денеска симболично подари 1.100 лалиња и стотина книги од холандски автори преведени на македонски и албански јазик, за здравствените работници, како и за пациентите заболени од коронавирус.

Подарокот симболично го примија министерот за надворешни работи Никола Димитров и заменикминистерот за здравство Арменд Арслани.

„Во нормални околности би го прославувале Денот на кралот со голема забава, но очигледно оваа година не можеме да го направиме тоа. Затоа одлучивме да направиме еден симболичен гест по тој повод и го купивме буквално секое лале што го најдовме во оваа држава. Успеавме да најдеме 1.100 лалиња и исто така успеавме да најдеме книги од холандски автори преведени на македонски и албански јазик околу стотина, кои сакаме да ги подариме на вработените во клиниките и во Институтот за јавно здравје, како и на пациентите заболени од коронавирус“, рече Коп.

Овој гест, како што истакна амбасадорот, е во знак на нашата почит за напорната работа и несебичното залагање на здравствените работници
во Северна Македонија.

Димитров, од своја страна, го честиташе Националниот ден на Кралството Холандија.

„Чест ми е што денеска по овој повод заедно со нашите креативни холандски пријатели оддаваме почит и благодарност за пожртвуваниот и несебичен ангажман на здравствените работници“, истакна Димитров.

Заменик министерот за здравство Арслани се заблагодари на Кралството Холандија за севкупната поддршка на здравствениот систем.

„Она што не обединува сите е истата мисла и истата цел–што поуспешно справување со коронавирусот, па оттука и денешните лалиња и книги се само една симболика и за благодарноста но и за бескрајната почит кон здравствените работници кои овој период го даваат својот максимум за лекување и третман на пациентите од Ковид-19“, изјави Арслани, упатувајќи честитки до амбасадорот Коп по повод Националниот ден на Холандија.

Денот на Кралот во Холандија вообичаено се прославува со многу улични забави, детски игри и пазари на отворено додека Кралот и неговото семејство патуваат секоја година на различно место во Холандија за да го прослават денот со локалното население.

Оваа година сите манифестации на Денот на Кралот беа откажани поради
коронавирусот и Кралот и се обрати на нацијата по онлјан изведбата на химната „Вилхелмус“ во која сите членови на светски познатиот Royal Concertgebouworkest свиреа од своите домови.

актуелно Национален ден холандија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.