Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Прв случај на пациент со Ковид-19 тргнат од респиратор, оптимистички бројки на Институтот за јавно здравје
Македонија

Прв случај на пациент со Ковид-19 тргнат од респиратор, оптимистички бројки на Институтот за јавно здравје

мај 6, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Од почетокот на појавата на коронавирусот, земјава вчера го регистрираше првиот случај на заболен пациент кој е тргнат од респираторна машина откако пред три недели бил примен во тешка состојба. Тој пет – шест дена примал озонска терапија, антибиотици и антиинфламаторни лекови. Оптимистички се и бројките на Институтот за јавно здравје кој евидентира осум нови случаи, еден починат и 21 оздравен пациент.

Триесет и седумгодишниот пациент кој е тргнат од респираторна машина е хоспитализиран во Градската општа болница „8 Септември“ и тој според директорот на болницата Христијан Костов, сам дише и неговата состојба е стабилна.

– Му треба време на организмот. Ние пробуваме. Ако му падне сатурацијата (присуството на кислород во крвта) може повторно да го ставиме на респираторна машина. Мора да му се даде време. Неопходни се 24 до 48 часа за да сме целосно сигурни дека на пациентот не му треба респираторна машина. Ова е резултат на ангажманот на целата екипа во болницата која макотрпно работи, изјави Костов вчера за МИА.

Со новодијагностицираните пациенти, бројката на заболени во земјава од почетокот на епидемијата се искачи на 1.526 лица и на 86 починати. Сепак, бројката на оздравени надмина илјада, а бројот на активни случаи изнесува 427.

Според последните податоци што вчера ги објави Министерството за здравство, на Клиниката за инфективни болести вкупно се хоспитализирани 41 пациент. На кислородна поддршка се 19 пациенти, а на механичка вентилација еден. Во ГОБ „8 септември“ вкупно се хоспитализирани 14 пациенти, тројца пациенти се на респираторна машина, а четворица се со потешка клиничка слика. Во болницата во Битола се лекуваат четворица пациенти, а на домашно лекување се следат уште двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани четворица пациенти, а уште тројца се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово се хоспитализирани 52 позитивни и суспектни на Ковид-19.

Здравствениот сектор вчера остана без првиот човек на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев кој поднесе оставка од приватни семејни причини.

Неговата оставка беше констатирана на вчерашната владина седница. Дончев раководеше со ФЗОМ од 2017 година.

актуелно Ковид-19 пацинет респиратор
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.