„Дваесет нови случаи на Ковид 19 и 24 оздравени се евидентирани во последното деноноќие“, информираат од Министерството за здравство.
Според податоците оздравените пациенти се регистрирани во Скопје-11, Куманово-10, Тетово-1 и Велес двајца.
Во изминатите 24 часа направени се 275 тестирања, потврдени нови случаи на ковид-19 се во Скопје-12, Куманово-1, Прилеп-3, Тетово-2, Битола-1, Гостивар-1.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1642, бројката на оздравени пациенти е 1136, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 415.
Во соопштението од Министерството за здравство наведуват дека по завршување на епидемиолошката анкета, еден од вчера регистрираните случаи во Куманово е жител на Кратово и согласно ова последната дистрибуција по градови е: Скопје – 550, активни 132, Куманово–408, активни 53, Дебар–51, активни 0, Штип-35, активни 2, Прилеп–176, активни 68, Тетово – 110, активни 54, Струга – 67, активни 16, Велес-107, активни 49, Битола –23, активни 4, Охрид –15, активни 9, Кавадарци–5, активни 1, Гостивар–19, активни 5, Гевгелија–4, активни 0, Струмица – 2, активни 0, Крива Паланка–6, активни 2, Радовиш–4, активни 0, Крушево-3, активни 0, Кочани – 31, активни 5, Пробиштип–2, активни 0, Кичево–2, активни 1, Неготино-9, активни 7 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар–1, активни 0, Македонски Брод–2, активни 0, Пехчево-3, активни 2, Делчево-1, активни 1, Валандово-1, активни 1, Виница–2, активни 0, Кратово-2, активни 2, Берово-1, активни 1.
Направените се 275 теста и тоа преку ИЈЗ –185, Ветеринарен факултет-15, Авицена–0, Биотек-32, Филип Втори (Жан Митрев)–2, Систина со PCR метода -24 и МАНУ-17, а досега во земјата се направени вкупно 19096 тестирања на ковид -19.
Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се тројца пациенти, а вкупно хоспитализирани 42.
На кислородна поддршка се 20, а на механичка вентилација тројца пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се двајца нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 16. На респираторна машина се четворица пациенти.
Во болницата во Битола нема хоспитализирани позитивни или сомнителни на ковид, а на домашно лекување се следат тројца пациенти.
Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно шест, а уште еден пациент се следи на домашно лекување.
На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово и Охрид сe хоспитализирани 54 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.







