Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ДКСК: Уставен суд да даде оценка на членот 64 од Законот за денационализација поради продажбата на парцелата спроти „Холидеј Ин“
Македонија

ДКСК: Уставен суд да даде оценка на членот 64 од Законот за денационализација поради продажбата на парцелата спроти „Холидеј Ин“

мај 15, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Државната комисија за спречување на корупција ќе упати барање до Уставниот суд да изврши оценка на членот 64 од Законот за денационализација поради, според нив, спорната продажба на земјиштето спроти „Холидеј Ин“.

Ова денеска на прес-конференција го истакна претседателката на ДКСК Билјана Ивановска на која соопшти дека Комисијата го завршила предметот кој се однесува на продажбата на градежното земјиште кај паркингот „Холидеј ин“, кој бил отворен по сопствена иницијатива по наводи изнесени во медиуми за сомневање за злоупотреби со продажбата на парцелата.

„Продажбата на парцелата ја извршила Министерството за транспорт и врски врз основа на извод од ДУП кој не се применува согласно одлука донесена од Советот на Општина Центар за запирање на спроведувањето ДУП-овите. Изводот од планот го издал градоначалникот на општината за наводно решавање на имотно правни односи. Во барањето на подносителот е наведено дека изводот од ДУП-от е потребен за дооформување на парцелата. Изводот издаден од градоначалникот, не содржи известување или напомена дека ДУП-от за кој се издава изводот е под мораториум и може да претрпи неккави измени при негова ревизија. Парцелата е продадена врз основа на позитивно мислење од страна на државниот правобранител кој до Министерството за трнаспорт и врски испратил мислење во кое вели дека нема правни пречки да се изврши продажбата на земјиштето“, истакна Ивановска.

Таа информираше дека во дописот кој го побарале од државниот правобранител, тој навел дека градежното земјиште е отуѓено врз основа на важен детален урбанистички план од 2012 година дека како прилог на документацијата доставен е и изводот од ДУП-от издаденод градоначалникот на Општина Центар.

„Дел од ова земјиште што го продава Министерството за транспорт и тоа некаде околу 625 метри квадратни е на семејство што започнало процес за денационализација во 2003 година. Но поради измени во Законот за денационализација од декември во 2010 година со кој се дозволува располагање со имот којшто е предмет на денационализација земјиштето е продадено пред да биде завршен процесот на денационализација“, нагласува Ивановска.

Пред оваа измена, вели таа, постоела апсолутна забрана за  располагање со имот од предмет на денационализација без никакви дополнителни услови со што се заштитува имотот, предмет на денационализација се заштитувале правата на поранешните сопственици или нивни наследници врз тој имот и се овозможувало на крајот остварување на целта на законот, а тоа е враќање на имотот на сопствениците односно на наследниците.

„Наведената измена, сметаме дека не е во согласност со Уставот според кој граѓаните се еднавки пред Уствот и законите, а правото каде што сопственоста е право, е една од темелните вредности на уставниот поредок“, првата антикорупционерка.

На седницата на ДКСК, членовите разгледувале прашања поврзани за донациите во време на криза и дека веќе добиле информации од министерствата, а договориле и средба со директорката на Инспекцискиот совет за следните активности како ќе постапуваат во тој дел заедно со инспекторите.

По сопствена иницијатива, атикорупционерите го разгледале и предметот по допрен глас за Ден Дончев дека поранешниот дирктор на Фондот за здравство наводно остварувал некакви приходи и утврдиле дека тој нема пријавено дополнителни приходи.

Ивановска и информираше дека работат на случајот и дека доколку утврдат неправилности ќе покренат прекршочна пријава за непријавување на дополнителни приходи.

актуелно дкск парцелата Уставен суд холидеј ин
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.