Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Џафери: Не може во недоглед да живееме во вонредна состојба
Македонија

Џафери: Не може во недоглед да живееме во вонредна состојба

јуни 1, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Партиските лидери мора да покажат одговорност за излезно решение, бидејќи не може државата да продолжи со постојана вонредна состојба, изјави денеска собранскиот спикер Талат Џафери во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

„Во однос на актуелната состојба, знаете дека сум кажал дека не смееме да се зачудиме ако дојдеме во ситуација да и во вонредна состојба имаме избори, бидејќи треба да се постават соодветните институции. Не можеме до недоглед да живееме во вонредна состојба и да чекаме само по себе да одмине“, порача Џафери.

Коментирајќи ги правните аспекти кои ги застапуваше зошто
Собранието не може повторно да се состане, Џафери, рече дека токму поради нејаснотијата околку долготрајноста на ситуацијата, во недостиг
на сценарио, ад хок се решавале работите.

„Јас не се чувствувам како победник, и не ми била целта да излезам како победник апропо сите други. Но, овие три децении направени се многу преседани и во тој контекст сметам дека не смееме да се впуштиме во преседани бидејќи таквите скапо ќе ги платиме во иднина. Еве една таква ситуација на преседани, кога мислиме дека Собрание може да се распушти и заседава по потреба. Направени се преседани па доаѓаме од еден во друг. Ако го читате Уставот, тој дозволува скратување на мандатот за предвремени избори. И во таква ситуација се носи политичка одлука за едно дејствие. Но, тоа после отвора правна рамка која соодветно треба да остави легитимитет на одлуките кои се носат. Ние создадовме ситуација шест месеци однапред со датум за избори и не оставивме ниту една можност на калкулација наспроти ситуацијата. Ние лекцијата не ја научивме. Од 18 март по првата вонредна состојба до сега немаме излезна стратегија за излез од оваа ситуација и не може до недоглед да имаме вонредна состојба“, рече Џафери, притоа нагласувајќи ги стручните предвидувања дека во наредниот период, ситуацијата со Ковид 19 може да биде уште полоша.

Во однос на коментарите од опозицијата, која ја стави здравствената
комисија составена од епидемиолози под прашалник поради нивната
партиска припадност, собранискиот спикер вели, не може априори да
се има сомнеж во нештата.

„Во секој случај тоа ни е капацитетот, тоа се луѓето, тоа се експертите. Други не можеме да донесеме. Оставете ги луѓето да си ја работат работата, не може секое дејствие да биде политичко. Секој си има право некаде да биде определен во однос на партијата или идеологијата, но важно е стручното. Стручно никој од нив не кажа вака или така. Тие ги следат трендовите, ниту една нивна констатација не е различна од трендовите. Ако се бара алиби за нешто, секогаш ќе се бара во другиот“, рече Џафери.

Разговарајќи за некои од излезните решенија, тој посочи дека можно е гласањето да се одвива неколку денови.

„Ако предвидувањата се дека во наредните неколку години не следи оваа состојба, со нејасна ситуација, тогаш во моментов може да се има  консензус, на денот на гласањето, луѓето кои се активни на вирусот, нема да биде крај на светот да се каже дека заразените нема да може да го користат своето право на глас или да гласаат од дома. Има механизми за тоа. Во тој контекст треба да се размисли“, посочи тој.

Џафери смета дека е изводливо изборите да се одржат во неколку дена.

„Тоа треба да се направи со уредба. Тоа е едно од излезните решенија. Стручната фела треба да даде консензус и механизам за начинот на гласање“, рече тој.

Џафери посочи дека има комуникација меѓу партиите и побара одговорност од нив.

„Тие сепак се претставници на граѓаните. Апелирам, секој кој презел одговорност да одлучува за нештата, да ја доведат до крај ситуацијата и да одлучат на кој ден граѓаните ќе можат да одлучуваат за нови институции и кому ќе дадат легитимитет. Сега не ни треба политика, не може еден да работи, друг да опструира. Не би смеело да се оди во недоглед до создавање атмосфера за некој да биде комотен. Доволно имаше време сите да разбереме и да сфатиме дека ситуацијата е озбилна и земајќи ги предвид експертите дека во идно време оваа ситуација може да биде само полоша, тогаш сите ние треба да рефлектираме и да кажеме дека во вакви ситуации треба да преземеме дел од ризикот. Да не ги претставуваме граѓаните само кога се оди глатко“, потенцираше претседателот на Собранието.

Според него, во крајна инстанца, институциите треба да ги преземат одговорностите да се спроведат работите кои треба да се спроведат во интерес на граѓаните.

актуелно вонредна состојба џафери
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.