Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Спасовски: Само со висока свесност кај сите ќе се справиме со корона кризата
Македонија

Спасовски: Само со висока свесност кај сите ќе се справиме со корона кризата

јуни 21, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Со корона кризата ќе се справиме само со висока свесност кај сите и со почитување на мерките за лична заштита од страна на граѓаните и ефикасни реакции на институциите таму каде што ќе има прекршување, бидејки заштитата на јавното здравје е законска обврска“, вели премиерот Оливер Спасовски во интервју за 24 инфо.

„Очекувам максимална одговорност и посветеност кон јавното здравје, од секого. Тоа е условот за справување со корона-кризата, секаде во светот, не само во нашата држава. Така ќе успееме да се справиме со корона-кризата. Затоа, повикувам на висока свесност кај сите, за надминување на последиците од здравствената криза. Ќе носиме маска, ќе држиме физичка дистанца од 2 метра, нема да се групираме во големи групи, ќе одржуваме максимална хигиена, посебно на рацете. Да, вака ќе функционираме додека е тоа потребно. Не е лесно, ама не е потешко од тоа некој да се инфицира, да се разболи или да се случи друг непосакуван исход. Навистина мора да се разбере дека справувањето со корона-кризата прво значи сочувување на здравјето, а заедно со него и сочувување на егзистенцијата на граѓаните“, изјави Спасовски.

Тој потсетува дека Владата донесе три сета економски мерки за помош на граѓаните и на бизнисите, за зачувавање на работните места, за ревитализација на економијата преку зголемување на потрошувачката на македонски производи и финансиска поддршка за невладините организации и домашниот туризам.

„Како Влада посветени сме сериозно на справувањето со последиците од светската здравствена криза и изразувам благодарност до совесните граѓани, здравствените работници, полицајците и сите други вработени професионалци, кои се вложуваат во надминувањето на ситуацијата. Со заедничка свест и определба кон заштитата на јавното здравје, ќе успееме“, смета Спасовски.

Тој потенцира дека во периодот на здравствена криза, не само што не беше запрена ниту една капитална инвестиција, туку секојдневно се заокружуваат значајни капитални проекти од суштинско значење на граѓаните, како што се патиштата, комуналната инфраструктура, објектите за градинки, училишта, и здравствени објекти.

„Капиталните проекти се мотор на економијата и за зголемување на
јавната потрошувачка и ќе продолжиме со засилена динамика да работиме во таа насока. Можеме, како досега, со чесни и одговорни политики, да го постигнеме посакуваниот животен стандард, што носи спокој, сигурност и стабилност во секој дом и натамошен развој на нашата држава“, истакна премиерот Спасовски.

Тој во интервјуто се осврнува и на работата на неговата Влада и на
подготовките за организација на предвремените парламентарни избори
закажани за 15 јули.

„Во тек се сите потребни подготовки. Покажавме, во изминатите три години, како чесна и одговорна Влада, дека кога постои политичка волја, може да се организираат фер избори. Порачувам да не помисли некој да работи поинаку од своите професионални, законски, уставни должности. Институциите, граѓаните, партиите, се должни да придонесат секој да гласа на фер и демократски избори, во безбедни услови по здрвјето на гласачите“, потенцира Спасовски.

актуелно корона криза Спасовски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.