Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Петти ден кампања за предвремните парламентрани избори на 15 јули
Македонија

Петти ден кампања за предвремните парламентрани избори на 15 јули

јуни 28, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Предизборната кампања за предвремните парламентрани избори на 15 јули се наоѓа на четвртина и додека политичките партии и коалициите своите политички понуди на терен ги промовираат со почитување на здравствените протоколи, преку социјалните мрежи и медиуми се објавуваат нови „бомби“ и меѓусебни обвинувања.

На петтиот ден од 20-дневната изборна кампања, караванот на  Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ ќе биде во Куманово и Свети Николе, додека Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „За обнова на Македонија“ изборните активности ќе ги претстави пред граѓани Новаци, Демир Хисар и Битола.

Предизборниот караван на политичката платформа Македонски концепт ќе биде присутен во Битола, Охрид, Струга и Кичево, а коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива во Маврово.

Партиите во текот на вчерашниот ден ги упатија пораките до граѓаните и побараа поддршка на претстојните избори.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, порача дека на 15 јули расчистуваме со остатоците од режимот во судството и најави дека доколку СДСМ повторно формира Влада, правосудството целосно ќе се прочисти од корумпираните судии и обвинители.

„Оние судии кои свесно и намерно застаруваат предмети ќе бидат разрешени по автоматизам за да се остави простор за оние кои чесно и професонално си ја работат работата“, рече лидерот на СДСМ.

Заев најави почеток на детална проверка на имотната состојба на судиите и обвинителите, како и темелна ревизија на пет проценти од сите судски пресуди по случаен избор, како и воведување ред и дисциплина во сите други институции.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски порача дека по 15 јули ВМРО-ДПМНЕ ќе покаже како може за само шест месеци за секој за кој што постои основано сомнение за криминал, дали бил дел од СДСМ, дали бил дел од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Алијанса политички определен или неопределен да ја дочека правдата пред сопствената врата.

„Јас ви ветувам правда без исклучок почитување на законите заврши
времето на политичките деспоти. Нема да биде политичар привилегирана каста. Помина времето на политички мочуришта и неуспеси. Доаѓа времето кога Македонија се исправа. Доста беше чувството на граѓани од втор ред“, изјави Мицкоски.

Тој најави дека ќе има минимум 25 проценти поголема плата во еден четиригодишен мандат ќе има минимум 20 отсто повисоки пензии за пензионерите, како и минимум 1 000 километри локални и регионални реконструирани патни правци.

Кандидатот за премиер од редовите на партијата Демократска унија за
интеграции (ДУИ) Насер Зибери, пред гостиварци, порача дека Македонија е созреана за рамноправни услови без да е важна етничката припадност.

„Целта на мојата кандидатура за претседател на владата е да се испрати порака дека Македонија созреа за да создава рамноправни услови за натпревар било тоа на политички, економски, социјален и секаков план. При тоа етничката припадност да не биде клучниот или единствениот критериум со кој некому ќе му се дава шанса за да оди напред. Доколку се сплотиме околу постулатите за заедништво, рамноправност и за европските вредности, ќе создаме тло врз кое ќе се гради заедничката перспектива“, рече Зибери.

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива вчера ги посетија тетовските планински села Лисец и Шипковица и ја претставија платформата на коалицијата „Држава за сите“.

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села, истакна дека сега е време за промени, почнувајќи од законот за фер и соодветна застапеност, економски понуди и економски развој, како и за неправдите направени кон Албанците низ годините кои не се соодветно заштитени во правосудните институции.

Промоторот на политичката платформа „Македонски концепт“ Петар Богојески, од Гевгелија, порача дека ќе бараат криминализација на лажни политички ветувања.

„Немаат срам од она што го зборуваат и ветуваат и од таа гледна точка денеска сакам да пренесам само една порака и еден проект од нашата програма, а тоа е криминализација на лажни политички ветувања, а тоа значи дека секоја политичка партија која ќе настапи на изборите пред започнување на кампања во ДИК и во јавното обвинителство да депонира своја програма, а во случај на неисполнување на ветувањата, по покренување иницијатива од друга политичка партија, или обичен граѓанин, да биде кривично одговерен потписникот на листите, лидерот на партијата и самата партија како правно лице“, рече Богојески.

Мислам, порача Богојески, дека е време да се стави крај на овие лажни ветувања од кои огромно е потценувањето на интелигенцијата на граѓаните кои мислам дека конечно ќе ја препознаат разликата помеѓу нас, граѓанските листи, и партиските лажни ветувања што ги слушаат повеќе од триесет години.

актуелно кампања парламентрани избори
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.