Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Продолжен трендот на намалување на каматите на кредитите
Економија

Продолжен трендот на намалување на каматите на кредитите

јули 3, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Каматната стапка накредитите во мај просечно изнесува 4,83 отсто и претстаува продолжување на трендот на намалување од 0,03 процентни поени на месечно и 0,37 процентни поени, покажуваат објавените податоци на Наордната банка.

Кај депозитите просечната каматна стапка изнесува 1,10 отсто и забележа месечен пад од 0,01 процентен поен, а на годишно 0,31.

Според објавените податоци, раст е забележан на каматите на новоодобрените кредити и тоа 0,15 процентни поени на месечно ниво и изнесува 3,92 отсто, додека на годишно ниво е намалена за 0,76 процентни поени. Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 0,62 отсто и бележи минимален месечен раст од 0,01 п.п. Во споредба со мај минатата година, оваа каматна стапка е пониска за 0,69 п.п.

Кај кредитите одобрени на корпоративниот сектор е забележано намалување од 0,04 процентни поени во однос на претходниот месец и таа просчно изнесува 3,97 отсто.

Надолната промена е резултат на намалувањето на сите компоненти, и тоа: каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,06 п.п.), каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,03 п.п.) и каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,02 п.п.). На годишна основа, просечната каматна стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор бележи пад од 0,51 п.п.

Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, овој месец, изнесува 3,71 отсто и бележи зголемување за 0,05 п.п. на месечна основа. Растот се должи на зголемувањето на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,32 п.п.) и каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,03 п.п.), а во услови на пад кај каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,30 п.п.).

Споредено на годишно ниво, оваа каматна стапка е намалена за 0,63 п.п.

Во мај, просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор, бележи месечен пад од 0,04 п.п. и изнесува 1,24 отсто. Надолната промена произлегува од намалувањето на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,09 п.п.) и каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,02 п.п.), при остварен раст на каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула (за 0,02 п.п.). Каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор е намалена за 0,37 п.п., во однос на мај 2019 година.

Каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор, овој месец, изнесува 0,34 отсто и е пониска за 0,03 п.п. на месечно ниво.

Просечната каматна стапка на вкупните кредити на домаќинствата, во мај, оствари минимален месечен пад од 0,01 п.п. и изнесува 5,64 отсто.

Месечниот пад се должи на пониските каматни стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,01 п.п., соодветно), во услови кога каматните стапки на кредитите во странска валута се непроменети. Во споредба со мај 2019 година, оваа каматна стапка е намалена за 0,30 п.п.

Во мај годинава, каматната стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата изнесува 4,43 отсто и бележи раст од 0,05 п.п. на месечна основа. Притоа, месечниот раст целосно е резултат на каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,14 п.п.), при остварен пад кај каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,30 п.п.) и каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,05 п.п.).

На годишна основа, каматната стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата бележи пад од 0,75 п.п.

Во мај, просечната каматна стапка на вкупните депозити на домаќинствата изнесува 1,08 отсто и во споредба со минатиот месец е намалена за 0,01 п.п., што се објаснува со минималниот пад на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,01 п.п.), во услови на раст на каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула (за 0,01 п.п.) и непроменети каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула. На годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,30 п.п.

Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата, овој месец, имаат месечно намалување од 0,10 п.п. и се сведе на 0,91 отсто.

актуелно камати Кредити намалување тренд
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.