Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Трицифрени бројки на новозаболени и оздравени, Филипче оценува дека ситуацијата е стабилна
Во Фокусот

Трицифрени бројки на новозаболени и оздравени, Филипче оценува дека ситуацијата е стабилна

јули 30, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Здравствените власти вчера повторно регистрираа трицифрена бројка на новозаболени од Ковид-19 во земјава, но висока е и бројката на оздравени пациенти.

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека ситуацијата е стабилна и под контрола.

Според информациите од надлежните институции, во изминатите 24 часа од вкупно направени 1971 тестирања дијагностицирани се нови 188 заболени, додека бројот на оздравени е 268.

За жал, билансот на починати лица останува ист, односно и вчера се регистрирани пет починати лица.

И натаму, најголем број од заболените се од Скопје, а главниот град е лидер и во бројот на активни случаи.

Според првиот човек во здравството, ситуацијата е стабилна бидејќи подолго време, од вкупно направените тестови, позитивни се околу 10 до 15 проценти, а со тестирањата се откриваат голем број асимптоматски случаи.

Во изјава за телевизија „Телма“, Филипче вчера нагласи дека кадарот е добро организиран со системот на ротација на лекарите и медицинските сестри од одделенијата за интерна медицина во одделенијата за инфектологија.

Болниците, како што посочи тој, имаат доволно капацитет со оглед на процентот на хоспитализирани пациенти, а наскоро се очекува со редовно работење да почне ГОБ „8 Септември“.

„Овој начин на пристап, во однос на индикацијата за тестирање, а тоа е
тестирање на сите кои имаат симптоми, меѓутоа и лицата кои се контакти и имаат исклучително висок ризик, е добра стратегија што треба да продолжи, заради тоа што се откриваат огромен број асимптоматски носители и со тоа се ставаат во изолација. На тој начин се спречува ширењето на инфекцијата. Еден од најдобрите индикатори како е сега ситуацијата е капацитетот во болниците – има сосем доволно слободни кревети на Инфективната клиника и во ГОБ „8 Септември“. Ние планираме веќе од следната недела да почне и распоредување на пациентите од ГОБ „8 септември“ на Инфективната клиника, имајќи предвид дека таму има сосем доволно слободни кревети, а целосно е празна и модуларната болница, за да почне редовниот програм во ГОБ „8 Септември“, пред сè во делот на ортопедијата,“ истакна Филипче.

Здравствените власти уверуваат дека е направен план и за есенскиот бран којшто се очекува.

Целта е да се дополнат капацитетите во сите општи и клинички болници низ државата за да се направат мини инфективни одделенија по примерот на модуларната болница во Скопје и тие да бидат одвоени од болниците во кои ќе се третираат пациентите со вообичаена патологија.

Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски вели дека се планира и зголемување на капацитетите за тестирање и дијагностика со вклучување на уште три институции со што ќе се зголеми дневниот капацитет за тестирање за Ковид-19.

Тоа, како што појасни Караџовски, би значело да се прават уште 200 до 300 брисеви дневно со што би се зголемила бројката на дневно направени брисеви, односно од 1.500 дневно би можело до крајот на календарската година да се прават и до 2.000 тестови дневно.

Од почетокот на пандемијата, во земјава се регистрирани 10503 заболени од Ковид-19.

Бројката на оздравени пациенти е 5931, а на починати е 476.

Во моментот, бројот на активни случаи во земјата изнесува 4096.

актуелно Ковид-19
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.