Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пензиите ќе се исплаќаат од 26 август само преку мрежите на банките, овој месец нема достава до домашна адреса преку Пошта
Економија

Пензиите ќе се исплаќаат од 26 август само преку мрежите на банките, овој месец нема достава до домашна адреса преку Пошта

август 19, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Пензиите преку деловните банки ќе почнат да се исплаќаат од 26 август. На корисниците ќе им бидат достапни преку мрежите на банкоматите и да ги користат во трговската мрежа, а готовинската исплата ќе се врши во четири групи на 26, 27 и 28 август и на 1 септември. Овој месец, корисниците на пензии кои ја добиваа пензијата на сопствената адреса преку Пошта, нема да може да го остварат ова право, бидејќи ниту една банка нема склучено договор со Македонски пошти за оваа услуга, откако пропадна Еуростандард банка.

Пензионерите кои ги примаа пензиите на домашна адреса, треба да отворат трансакциска сметка во друга банка и да ја подигнат пензијата од таа банка.

Засега, ниту една друга банка нема склучено договор со Македонска пошта. Досега договор за достава на пензиите на домашна адреса имаше само Еуростандар банка, на која Народната банка и ја одзеде дозволата за работа.

Владата вчера донесе заклучок со кој го задолжува Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија, и им препорача на деловните банки, да обезбедат други дополнителни редовни исплати за корисниците на пензии кои се префрлени од Еуростандард банка АД Скопје во другите деловни банки, со цел истите да може да располагаат со августовските пензии на 7 септември, 14 септември и 25 септември, за оние корисници на пензиите кои досега ги користеа услугите на Еуростандард банка АД и кои до 25 август нема да успеат да отворат трансакциони сметки во другите банки.

На вчерашната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за август 2020 година, и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до вторник, 25 август, а им препорача на деловните банки од среда, 26 август, да обезбедат пензионерите да може да располагаат со августовските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

Се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:  во среда, исплата на пензии со висина до 11.000 денари, во четврток, пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари; во понеделник, исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари и во вторник, исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

Владата на оваа своја седница ги прифати заклучоците на Министерство за труд и социјална политика редовната исплата на паричните права од социјална заштита, заштита на децата и згрижувачките семејства за август 2020 година да се врши во 3 групи (во деновите 2-ри, 3-ти и 4-ти септември), a дополнителнa исплата  ќе се врши на 11, 18 и 25 септември 2020 година, при што податоците за корисниците од Банките до Министерството за труд и социјална политика ќе бидат доставени на 7, 14 и 21 септември 2020 година.

Владата го прифати и заклучокот според кој Македонска банкарска асоцијација во соработка со деловните банки да изготви за лицата кои не се во можност физички да пристапат до банката,  урнек на полномошно за отварање на трансакциска сметка и/или за поврзување на истата со социјалниот број и  за користење на средства од парични права од социјална и детска заштита, кое Народната банка на РСМ и Министерството за финансии треба да потврдат дали е  усогласено со релевантната законска и подзаконска регулатива.

Согласно заклучоците, Македонската банкарска асоцијација да достави информација за деловните банки кои имаат склучено договор со Македонска Пошта, дали овие договори се применливи за исплата на паричните права од социјална заштита, заштита на децата и згрижувачките семејства, како и да информираат кои банки планираат да склучат договор со Македонска пошта за вршење исплата на овие корисници,  преку пошта со достава на средствата до нивниот дом.

актуелно исплата пензии
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.