Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Филипче: Благодарение на САД нашиот здравствен систем е чекор напред во квалитетот на услугите
Во Фокусот

Филипче: Благодарение на САД нашиот здравствен систем е чекор напред во квалитетот на услугите

август 20, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерот за здравство Венко Филипче, при денешната посета на реновираниот дел во лабораторијата при Институтот за јавно здравје, и се заблагодари на амбасадорката на САД Кејт Брнз за нејзиното, како што рече, несебично залагање да помогне уште од почетокот на пандемијата во зајакнување на нашиот здравствен систем.

Филипче потенцира дека САД остануваат главниот стратешки партнер на нашата држава, како и во другите области, така и во здравството.

„Благодарение на Амбасадата на САД ќе имаме кабинет со биосејфти ниво 3 во делот на микробиологијата. Тоа ќе биде уште едно зајакнување и уште еден чекор напред во квалитетот на здравствената услуга која се дава и во технологијата за работа“, рече министерот.

Тој потенцираше дека од почетокот на пандемијата во лабораторијата на Институтот немало ниту еден инфициран вработен, бидејќи се придржувале до препораките за заштита.

„Во оваа лабораторија, во која беа извршени првите тестови за коронавирусот и кон која, беше најголемиот притисок од пациенти од целата држава, започнаа да прави по 20 тестови на ден, а сега се прават и по 1.200 тестирања“, рече министерот, кој им честиташе на вработените за нивната пожртвуваност за време на пандемијата.

Министерот Филипче изјави дека преку Американската Амбасада во нашата држава, нашиот здравствен систем од САД добил заштитна опрема и материјали.

Инфективната клиника од САД добила помош во медицинска опрема, а Клиниката за гинекологија и акушерство заштитна опрема.

„САД потврдија дека се нашиот најсериозен стратешки партнер, како во другите области така и во здравството. Ова е продолжение на една соработка која трае подолго време. Во изминатиов период беше целосно реновирана Клиниката за нефрологија, потоа Психијатриската клиника-Демир Хисар. Сега во тек се градежните работи на максилофацијална хирургија, а следниот период ќе почнат и на Клиниката за хематологија, со што САД сериозно придонесуваат во зајакнување на нашиот здравствен систем, во делот на инфрастуктура и медицинска опрема“, рече Филипче.

„Навистина е голема чест да се биде тука со министерот за здравство и
директорот на Институтот за јавно здравје, со кои имам прилика да ги посетам реновираните лаборатории за микробиологија. Работата на експертите, стручните лица и техничари во овие простории е клучна и навистина значајна во справувањето со пандемијата“, изјави за МИА по посетата амбасадорката Брнз.

Посочи дека она што го виделе денеска е импресивно и со задоволство
може да каже дека дополнителните капацитети добиени со ова реновирање доаѓаат како резултат на неверојатната соработка меѓу Канцеларијата за соработка во одбраната на Соединетите Американски Држави, Министерството и Институтот.

„Работевме заедно, чекор по чекор, за да обезбедиме навремени одлуки за клучни проекти што ќе помогнат во подобрувањето на можностите за тестирање на оваа земја. Горда сум што можеме да ги видиме резултатите од научната соработка помеѓу Институтот и Центрите за контрола на болести во САД, за обезбедување обука и опрема, како овде денес така и во дневните извештаи од Министерството за здравство“, рече Брнз.

Фактот што во поселедниве недели се прават повеќе од 1.700 тестови дневно, како што посочи американската амбасадорка, е потврда за одличната работа на Владата во справувањето со кризата во овој многу тежок период.

„Ние сме тука денес бидејќи веруваме и ќе ја продолжиме соработката со Институтот за јавно здравје и со Министерството за да им помогнеме да обезбедат подобри услуги за граѓаните на Северна Македонија. Затоа што знаеме, додека се соочуваме со предизвиците од КОВИД-19, заедно сме посилни, како колеги, пријатели и како сојузници“, рече амбасадорката Брнз.

актуелно здравствен систем САД филипче
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.