Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Манчевски: Најдоцна следната недела ќе имаме функционална извршна власт
Македонија

Манчевски: Најдоцна следната недела ќе имаме функционална извршна власт

август 24, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Досегашниот министер за информатичко општество и јавна администрација и потпретседател на СДСМ Дамјан Манчевски, верува дека денеска или утре ќе биде поднесен предлогот за влада и  брзо ќе биде изгласана новата влада, така што најдоцна следната недела ќе имаме функционална извршна власт.

Во однос на изборот на собраниските комисии и тела, Манчевски, рече дека очекува веќе на следната собраниска седница тие работи да бидат завршени.

– Можеме да кажеме дека во септември ќе имаме целосно функционален систем, и од извршна и од законодавна власт и таму ќе се соочуваме со предизвикот за онлајн работење, онлајн одлучување, дигитализација и слично. Во Собранието веќе работат на платформа на која и пратениците ќе може да работат и одлучуваат и од дома или од нивните канцеларии, што исто така е голем предизвик. Работат службите на ова и верувам не подоцна од крајот на септември ќе биде и тоа овозможено, изјави Манчевски, кој денеска учествуваше на неформална заедничка средба со пратеникот во Собранието и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски и Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и координатор на Програмата за транспарентност и дигитализација на ИДУЕП.

Владата, посочи Манчевски, и сега работи онлајн и тие измени на деловникот се донесени одамна.

Прашан за слабото парламентарно мнозинство и како тоа ќе работи, Манчевски рече дека тоа не е битно, иако претходната влада имала уште послабо мнозинство, но сепак стигнала до 80.

– Битни се политиките и она што го предлагаме и нормално градење на политички консензус околу некои теми, а ако може и околу сите, е клучно. Умешноста на водењето политика е да се добие што поголема поддршка. Ако нашите предлози се од општа корист за сите граѓани и делови на општеството, не гледам зошто некој би имал против, изјави Манечсвки.

Тој, исто така, изрази надеж дека влегуваме во еден посмирен период за нашата политика, каде се решени поголемите проблеми и прашања кои предизвикуваа поделби меѓу граѓаните и дека сега сите сме насочени кон секојдневните прашања каде не гледа многу простор за жестока дебата.

Во однос на новото парламентарно мнозинство, Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека практично станува збор за истата коалиција што владееше во последните три години и дека е неблагодарно да се дава предвидување за тоа колку ќе трае.

– Едноставно, граѓаните треба да видат дали таа коалиција ги реализирала очекувањата од претходниот тригодишен мандат и тоа самото по себе ќе им даде одговор какви очекувања треба да имаат за истата влада. Јас мислам дека нема да има висока реализација на очекувањата. Нестабилното парламентарно мнозинство ќе значи дека на многу повисок степен ќе биде дневната политизација, отколку решавањето на тековните проблеми, изјави Муцунски.

Прашањето, посочи тој, е што ќе се направи и како ќе се позиционира во решавање на суштинските проблеми на нашите граѓани.

актуелно извршна власт манчевски функција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.