Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Се уште троцифрен бројот на новозаразени со Ковид-19, според надлежните ќе има навремен пристап до вакцината
Македонија

Се уште троцифрен бројот на новозаразени со Ковид-19, според надлежните ќе има навремен пристап до вакцината

август 26, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Бројот на новорегистрирани случаи на заразени со Ковид-19 и натаму е троцифрен. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 127 случаи со Ковид-19, а вкупната бројка се искачи на 13.799. Надлежните пак тврдат дека навремено ќе имаме пристап до вакцина, тогаш кога истата ќе биде достапна.

Од почетокот на епидемијата, бројката на оздравени пациенти е 10.210, а на починати 573. Во моментов во земјава има активни вкупно 3.016 случаи.

Според извештајот на Министерството за здравтство, вчера беа направени 1.768 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи со Ковид-19, и тоа во Скопје 38, Куманово 23, Штип 3, Прилеп 15, Тетово 8, Струга 2, Велес 5, Гостивар 12, Пробиштип 3, Пехчево 2, Берово 3, Делчево 3, Свети Николе 3 и по еден во Дебар, Битола, Охрид, Кавадарци, Струмица, Виница и Неготино.

Починати се пет лица. Оздравени се 60 пациенти и тоа од Скопје 19, Дебар 1, Битола 3, Кавадарци 11, Гостивар 22, Демир Хисар 1, Кичево 2, Неготино 1.

Од општините во главниот град, се уште најмногу активни има во Чаир. Заклучно со вчерашниот ден, таму се евидентирани вкупно 117 активни случаи. Потоа во Гази Баба 108, Аеродром 104, Карпош 95, Центар 94, Кисела Вода 94, Ѓорче Петров 67, Бутел 68, Шуто Оризари 38, Студеничани 20, Сарај 23…

Од вчера во функција е и новиот алгоритам за оздравување на пациенти со Ковид-19.

Како што посочија од Министерството за здравство, овој алгоритам се однесува на пациентите на домашно лекување, но не ги опфаќа хоспитализираните пациенти. За прв ден на заболување се зема денот на првиот потврден позитивен тест.

-Во системот „МојТермин“ во функција е новиот алгоритам за оздравување на пациенти со Ковид-19. За разлика од досегашниот алгоритам, каде со истек од 14 дена беше потребно да се добијат два негативни последователни тестови во период од 24 до 48 часа, согласно светските истражувања, сега еден пациент, доколку е асимптоматски во период од 10 дена, ќе се смета за оздравен на 11-тиот ден, соопштија од Министерството.

Доколку еден пациент имал симптоми во текот на болеста, од Министерството за здравство посочуваат дека тој ќе се смета за оздравен по истекот на минимум 20 дена, односно 21 ден само во случај ако последните три последователни дена немал симптоми на болеста.

Процесот на оздравување, како што се потенцира, сега е во целост поврзан со дневните извештаи кои ги пополнуваат матичните лекари за своите позитивни пациенти и регистарот за позитивни Ковид пациенти.

-Во Националниот систем за електронски евиденции во здравството – МојТермин се проверува дали за секој нареден ден има пополнет дневен извештај од матичен лекар или негова замена. Доколку во 10 последнователни дена има дневни извештаи и истите се одговорени со не/нема: истоштеност, болки во зглобови и/или мијалгија, кашлица, искашлок, отежнато дишење, дијареа, а температурата на пациентот е помала од 37,5 тогаш добива статус – Предлог за оздравен, посочуваат од Министерството.

Во однос на вакцината, министерот за здравство, Венко Филипче вчера изјави дека ќе имаме пристап до вакцината кога истата ќе биде достапна.

Додаде дека набавка за имунизирање на 20 отсто од население според него е разумна количина. Во таа група влегуваат постарите лица, хронично болните, децата.

-Апсолутно навремено ќе имаме пристап тогаш кога вакцината против Ковид-19 ќе биде достапна. Набавка за имунизирање на 20 отсто од населението е нешто што засега се смета дека е некоја разумна количина, согласно со сегашните сознанија. Има ризични групи кои се први за вакцинација, но секако ги следиме и новите сознанија и препораки, истакна Филипче.

Набавката на вакцина против Ковид-19 за потребите на државава, како што рече, ќе се врши преку механизмот КОВАКС при Светската здравствена организација, но и преку веќе добиената понуда од Полска, потребните количини за земјава да се набават преку механизмите на Европската Унија.

Сепак како што додаде, уште не се познати ниту количините, ниту како ќе се одвива распределбата по земји. Во врска со вакцините против сезонски грип, тој вели дека годинава од вообичаената бројка од 28 илјади вакцини, се набавуваат 40.000 и плус 20.000 кои ќе се добијат од донација.

– Значи ќе имаме 60.000 вакцини, двојно повеќе од тоа што сме имале претходните години. Со оваа вакцина ќе бидат опфатени повеќе ризични групи кои сметаме дека треба да се вакцинираат, меѓу другото и здравствените работници кои ќе одлучат да ја примат, со оглед на тоа што не е задолжителна вакцина. Дали ќе има вкрстен имунитет со кој оваа вакцина ќе штити и од Ковид-19 тоа не го знаеме со сигурност. Освен ризичните групи кои вакцината за сезонски грип ќе ја добијат бесплатно, ќе има одредени колични и за комерцијална продажба, истакна Филипче.

Ново откривање за дијабетесот ги остави лекарите без зборови
актуелно Ковид-19 троцифрен број
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.