Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Од следната недела Северна Македонија со нова влада
Македонија

Од следната недела Северна Македонија со нова влада

август 28, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

До крајот на неделата се очекува Северна Македонија да има нова политичка Влада.

Претседателот на Собранието Талат Џафери за утре, сабота 29 август, ја закажа 10-тата седница на која треба да биде избрана Владата на мандатарот Зоран Заев.

Единаесетата македонска Влада треба да биде избрана најдоцна до недела на полноќ.

Џафери ја закажа седницата откако мандатарот Зоран Заев до Собранието во средата ја достави Програмата и предлог-составот на новата Влада.

Дел од приоритетите на новата Влада, како што соопшти мандатарот се,
трансформација на економијата за забрзан раст и повисок стандард,  вложување во јавното здравство, намалување на стапката на сиромаштијата под 16 проценти со посебен акцент на детската сиромаштија, воведување на комунална полиција под ингеренции на локалната власт која ќе има законски овластувања да обезбеди ред во општините и градот Скопје.

Во предлог-програмата на новата Влада предвидено е и намалување на привилегиите на јавните функционери со цел да се спречи злоупотреба на функцијата за лични цели, намалување на буџетските трошоци и зголемување на ефикасноста во вршењето на функцијата.

На прес-конференцијата по доставувањето на Предлог-програмата и составот Заев рече дека новата Влада ќе биде стабилна, ефикасна и одговорна, ќе ги гарантира стратешките определби односно членство во НАТО и ЕУ, добри меѓусоседски односи, справување со коронакризата, нова енергија и подинамичен економски раст, како и ефикасна правна држава, модерно образование и стабилни институции.

Тој и новите министри, како што кажа, се обврзуваат дека ќе влечат напред секој ден, секој час, дека ќе работат уште повеќе и подобро и дека ќе побараат од секој граѓанин поголемо учество.

Според него, програмата за работа на Владата во целост ја отсликува
посветеноста на сите политички партии кои се дел од коалицијата за
бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, темелно прочистување на судството и проверка на потеклото на имот и пари на
сите функционери.

Покрај Заев како премиер, членови на Вадата ќе бидат и Љупчо Николовски како вицепремиер за борба против корупцијата, Фатмир Битиќи–вицепремиер за економија, Никола Димитров–вицепремиер за европски прашања, Оливер Спасовски–министер за внатрешни работи, Радмила Шекеринска – министерка за одбрана, Бојан Маричиќ–министер за правда, Благој Бочварски–министер за транспорт и врски, Венко Филипче–министер за здравство, Мила Царовска–министерка за образование и наука, Јахода Шахпаска–министерка за труд и социјална политика и Ирена Стефоска–министерка за култура.

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе го води
Аријанит Хоџа од Беса, предизборниот коалициски партнер на СДСМ, а
Горан Милевски од ЛДП ќе биде министер за локална самоуправа и во
новата Влада.

Артан Груби од ДУИ ќе биде прв вицепремиер и министер за политички систем, Бујар Османи–министер за надворешни работи, Фатмир Бесими–министер за финансии, Крешник Бектеши останува министер за економија, а Насер Нуредини министер за животна средина.

За министер за информатичко општество и администрација е предложен
Јетон Шаќири.

Владината коалиција што ја сочинуваат СДСМ и другите партии од коалицијата „Можеме“, ДУИ и ДПА, во Собранието има парламентарно
мнозинство од 62 пратеника.

Владата се избира со просто мнозинство односно со 61 глас.

Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија се одржаа на 15 јули во најспецифични услови од независноста до денес поради состојбата со коронавирусот.

Се гласаше три дена.

Поради недоволен број пријавени, гласање во дијаспората не се организираше.

Од 3 јануари Северна Македонија имаше техничка Влада, по Пржински модел, на чие чело беше Оливер Спасовски, кој е предложен за министер за внатрешни работи.

Мандатот на техничката Влада од шест месеци се продолжи на девет поради пандемијата со коронавирусот и воведувањето на вонредната состојба.

актуелно нова влада северна македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.