Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Есенски бран на Ковид 19- од понеделник патување без ПЦР-тест
Македонија

Есенски бран на Ковид 19- од понеделник патување без ПЦР-тест

октомври 7, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Нашата и уште четири земји од  регионот со заедничка иницијатива во координација на министерствата за здравство одлучија од понеделник да дозволат влез без приложување негативен ПЦР-тест на граничните премини. Владата вчера на седница донесе одлука од 12 октомври да им се овозможи непречен влез на државјаните од Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, а реципрочно е договорено и македонските граѓани да патуваат во овие земји без да покажат медицинска потврда. Обврска за ПЦР-тест досега немаа само за  влез во Албанија и Турција.

Одлуката е донесена по предлог и позитивно мислење на Комисијата за заразни болести  и заради неопходните потреби на граѓаните, но со апел од Владата патувањето да се сведе на минимум и исклучиво за неодложни потреби и со целосно и доследно применување на сите мерки за лична заштита од КОВИД-19.

Проценето е дека до овој момент нема индикации или висок број на влезени позитивни случаи од странство, а со тоа и нема висок ризик по јавното здравје. Но бројот на новозаразени во земјава и натаму е висок.  Вчера беа дијагностицирани нови 225 со кои вкупно 19 096  лица се инфицирале во седум и пол месеци епидемија во земјава. Оздравеле 15 645, а активни на болеста се 2683. Во вчерашниот здравствен билтен за поминатите 24 часа беа регистрирани и осуммина починати (од 64 до 82 години), и со нив досега 768 луѓе ја загубиле битката со опасниот вирус.

КОВИД-19 кај новите 225 е потврден по направени 1841 тестови. Над половината  (120) се во Скопје, а двоцифрени бројки бележат Тетово – 17, Прилеп – 15,  Струмица – 13 и Куманово – 10. Под десет нови случаи имаат Штип, Битола, Струга, Кочани, Охрид, Гевгелија, Берово, Свети Николе, Крива Паланка,  Пробиштип, Кичево, Гостивар, Виница, Делчево и Неготино.

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека со повторно високиот број на новозаболени, станува јасно дека влегуваме во очекуваниот есенски бран.

– Иакомногумина не веруваа во најавите дека тој ќе се случи, сепак се докажува дека очекувањата беа реални. Цела Европа во моментов се соочува со нова криза и во повеќе земји има силни рестрикции и нови мерки, напиша Филипче на Фејсбук со апел да се почитуваат мерките за заштита и додавајќи дека рестрикции и мерки ќе се носат секогаш кога ќе се процени дека тоа е единствен начин да се заштити системот и јавното здравје.

А поради зачестените прекршувања на здравствените протоколи во земјава, на владината седница вчера беа усвоени предлог-измени на Законот за заштита на население од заразни болести, со кои се предвидени нови и поголеми овластувања на инспекциските служби за справување со прекршителите.

Инспекторите ќе имаат овластување на правен субјект кој ги прекршува протоколите да му изречат на самото место привремена забрана за вршење на дејноста во траење до 30 дена.  Со законските измени ќе се зголемат и паричните казни за прекршителите, а износите ќе зависат од големината на субјектите (фирмите). Тие ќе стапат во сила откако ќе ги одобри Собранието.

Главниот град и натаму има над илјада (1005) активни случаи. Висок е бројот и во Струмица – 177, Кочани 171, Тетово 168, Куманово 167, Прилеп 147. Меѓу скопските општини, најмногу активни се во Центар – 171, Карпош има 147, Кисела Вода  116 и Гази Баба 114. Бутел има 44 активнислучаи, меѓу кои од вчера е и  градоначалникот на оваа општина Велимир Смилевски. Тој на Фејсбук соопшти дека е позитивен на КОВИД-19.

Поради високиот број заразени во Струмица, каде што се активни 177 и исполнетоста на капацитетите на Инфективното одделение, за прием на позитивни со КОВИД-19 од вчера се преадаптирани поранешните хирурушки амбуланти на струмичката болница.

Министерството за здравство вчера соопшти дека вирусот е потврден и кај доктор, медицинска сестра и медицински техничар на Клиниката за нефрологија во Скопје. Први случаи на коронавирусот меѓу вработени се регистрирани и во  штипските градинки „Астибо“ и „Вера Циривири-Трена“. Станува збор за воспитувачка во едната и негувателка во другата градинка. Нивните колеги и групите со деца се изолирани.

По при пораката на Комисијата за заразни болести, Владата вчера го одобри и алгоритмот за постапување во училиштата доколку се појави ученик со симптоми, сомнителен/позитивен на КОВИД-19. За спроведување на постапките од алгоритмот потребно е во секое училиште да се определи одговорно лице за контакт со надлежниот Центар за јавно здравје.

актуелно без пцр тест есенски бран Ковид-19 патување
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.