IN MEMORIAM: Почина Жарко Лаушевиќ

LinkSense.mk

На 63-годишна возраст денеска почина познатиот актер Жарко Лаушевиќ.

„Ја информираме јавноста дека денеска,15 ноември 2023 година,по кратко и тешко боледување починанашиот сопруг и татко Жарко Лаушевиќ“, потврди за Танјуг во име на семејството Анита Лаушевиќ.

Лаушевиќ е роден на 19 јануари 1960 година во Цетиње. Заврши гимназија во Подгорица (тогашен Титоград), а во 1982 година во Белград дипломираше актерство на Факултетот за драмски уметности. Таа година стана член на Југословенскиот драмски театар.

Играше улоги во повеќе од дваесет филмови и телевизиски серии.

Исклучителна популарност му донесе улогата во серијата „Сивиот дом“ (1984).

После тоа следеа улогите на Лаушевиќ во „Шмекер“ (1986), „Свечена заклетва“ (1986), „Се случи на денешен ден“ (1987), Браќа по мајка (1988), „Бој во Косово“ (1989), „Оригинал фалсификат“ (1991), „Кажи ми зошто ме остави“ (1993), „Подобро од бегство“ (1993), „Нож“ (1999)…

Лаушевиќ стана еден од најпознатите актери во сите републики и покраини на поранешна СФРЈ.

Добитник е на многубројни награди. За неговата улога „Офицерот со роза“ од 1987 година, ја доби престижната „Златна арена“ на филмскиот фестивал во Пула, за најдобар главен актер.

Благодарение на серијата „Сиви дом“ тој стана се-југословенска ѕвезда пред да дипломира.

Млад и згоден, беше миленик на медиумите, гледачите и жените.

Во летото 1993 година, Лаушевиќ беше нападнат од група хулигани пред кафуле во Подгорица.

Во самоодбрана со својот пиштол уби двајца напаѓачи, а третиот тешко го рани. Прво беше осуден на 13 години затвор, а во 1998 година казната му беше преиначена на четири години затвор. Ослободен откако одлежа 4,5 години. Од 1999 година беше во Америка.

Со одлука на Врховниот суд во 2001 година тој повторно беше осуден на 13 години затвор, а во 2011 година беше помилуван од тогашниот претседател на Србија, Борис Тадиќ.

Сегменти од животот Лаушевиќ преточи во книгата „Денот поминува, годината никогаш“ (Дан пролази, година никад) што ја напиша откако беше во затвор, во 2011 година. втората книга „Се поминува па и доживотната робија“ ја посвети на својот живот во затворот, а во 2022 година ја објави третата книга „Падре идиоте“.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Весна Лалиќ / Побједа)