Легендарниот пингпонгар на поранешна Југославија Драгутин Шурбек почина ноќта меѓу саботата и неделата во 71 година.
Шурбек е роден на 8 август 1946 година во Загреб. Со пинг понг почнал да се занимава уште од основно училиште, а за југословенската репрезентација дебитираше во 1964 година. Вниманието врз себе го сврте во 1968 година на Европското првенство во Лион, каде што го освои златниот медал во поединечна конкуренција.
Во богатата кариера во сингл, парови, мешан состав и во екипна конкуренција освои дури 36 медали на најголемите натпреварувања. На Светските првенства доби 14 трофеи, две злата (двете до парови, првото со Антун Стипанчиќ, а второто со Зоран Калиниќ) две сребра и 10 бронзи (три во поединечна конкуренција). На Европските првенства 22 пари се качуваше на победничкиот пиедестал, одсвои пет злата, пет сребра и 12 бронзи.
„Кога сите медали би ги ставил на врат, тешко дека би можел да го издржам сиот тој товар“, знаеше да рече популарниот Шурба.
На олимписките игри дебитираше во 1992 година во Барселона, кога за Хрватска играше во парови со Зоран Приморац.
Дресот на Југославија го облекуваше 503 пати, а за Хрватска настапи на крајот на кариерата само на 15 натпревари.







