Tупанчески на регионална конференција за борба против корупцијата

LinkSense.mk

Министерот за правда, Никола Тупанчески, викендов учествува на Регионалната конференција Култура на интегритет-зајакнување на антикорупциските мерки” која се одржува во Шибеник, Хрватска.

На маргините на конференцијата Тупанчевски оствари повеќе билатерални средби. Тој се сретна со Валтер Кемп, директор на Канцеларијата на Глобална иницијатива во Виена, задолжен за Западен Балкан и амбасадорот Угљеша Звекиќ, задолжен за развивање на проекти од обаста на антикорупцијата, со неговиот босански колега Јосип Грубеша и со шефот на Секретаријатот на Регионалната антикорупциска иницијатива, Десислава Готскова.