Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Активни 20 687 случаи на заболени од Ковид-19, наскоро во земјава ќе пристигне лекот „Фавипиравир“
Во Фокусот

Активни 20 687 случаи на заболени од Ковид-19, наскоро во земјава ќе пристигне лекот „Фавипиравир“

ноември 24, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во земјава до вчера како активни се регистрирани 20 687 случаи на заразени во Ковид-19. Од почетокот на епидемијата досега беа заболени 55 127 лица, се излекуваа 32 894, а починаа 1546 лица.

Како што најави директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Љирим Шабани, се очекува наскоро во земјава да пристигне лекот „Фавипиравир“, кој според светските клинички студии, дава позитивни ефекти при третман на лекување на коронавирусот.

Лекот, како што посочи Шабани, е одобрен од Агенцијата за лекови, и се продава со различни трговски имиња: „Авиган“ од Јапонија и „Фавира“ од Турција.

„Една од компаниите најверојатно ќе го донесе „Авиган“ оргинаторот, оргиналиот лек од Јапонија, а кога ќе биде тоа зависи од техничките услови. Тие имаат одобрение уште денеска, уште утре да го донесат, но кога ќе го донесат тоа не зависи од наша страна. Другата компанија сака да го увезе лекот „Фавира“ од Турција и тој го одобривме откако ги проверивме сите сертификати. Турција е поблиска и најверојатно многу брзо ќе биде достапен кај нас. Лекот се очекува набрзо да пристигне во државава“, рече Шабани.

Тој потенцира дека претходната недела добиле барања од страна на лекарите специјалисти и со оправдано писмо за користење на лекот во државава, постапиле веднаш и ги разгледале сите барања.

Конечно во петокот, појасни Шабани, се исполнија сите услови во делот на проверка
на сертификати и сите други законски обврски и добивме мислење и од мКомисијата за заразни болести за на крај да одлучиме тој лек да го модобриме како интервентен увоз во државава.

„Главна намена на лекот, главна индиција не е коронавирусот, туку е за
нешто друго. Тој се употребува веќе шест години во Јапонија. Искуствата,
стручните студии, клиничките студии, што ги прават во целиот свет
покажуваат дека дава позитивни ефекти при третман на лекување на
коронавирусот. Нашите лекари тоа го потврдуваат и на нивно барање и
стручно мислење ние го одобривме. Лекот ќе биде дистрибуиран главно
во болниците“, нагласи Шабани.

Во врска со тоа дали има најава за увоз на друг лек, рече дека засега ја
чекаат вакцината против Ковид-19.

„Сите сме во очекување да почне дистрибуцијата на вакцината против коронавирусот и ние што побрзо да добиеме што побрзо одреден број количини. Во моментот кога ќе стигнат тие количини во државата веќе имаме пропишани прописи како тоа се да го изведеме до крај“, додаде Шабани.

Проф. д-р Александра Грозданова од Фармацевтскиот факултет при УКИМ, која е претседател на Комитетот за имунизација во изјава за МИА нагласи дека државава ќе ја добие вакцината против Ковид-19, која прва ке биде регистрирана и одобрена преку Ковакс механизмот.

Нагласи дека реално би било тоа да се случи во првите месеци од 2021 година.

Договорот со Ковакс механизмот кој го потпиша Република Северна
Македонија, посочи таа, предвидува вкупна количина од 800.000 вакцини,
односно по две дози од вакцината за вкупно 400 илјади луге.

„Во првите 20 проценти се предвидува вакцинирање најпрво на ризичните групи како здравствените работници, хронично болните и постарата популација. Потоа секако се планира набавка на дополнителни количини на вакцини и за останата популација“, потенцира д-р Грозданова.

Според последните информации, во ковид центрите во болниците низ земјава надвор од Скопје се лекуваат вкупно 821 пациент позитивeн и суспектен на коронавирусот, додека во скопските ковид–центри се хоспитализрани 470 лица.

Од Министерството за здравство информираат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство соопшти дека е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

актуелно Ковид-19 лек „Фавипиравир“
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.